Подгответе вкусни мафини со печена тиква и почувствувајте ја есента во вашиот дом.
Со овие мафини вашиот дом ќе биде исполнет со мирис на слатки, меки и вкусни ароми на цимет, ванила, тиква…
Еве што ви е потребно и на кој начин да ги подготвите.
Состојки:
450 гр пире од печена тиква
1 ¾ шолји брашно
1 шолја бел шеќер
½ шолја кафеав шеќер
2 лажички цимет
¼ лажичка мелено каранфилче
¼ лажичка морско оревче
1 лажичка сода бикарбона
½ лажичка сол
1 лажичка екстракт од ванила
2 јајца
½ шолја масло
Подготовка:
Исечете ја тиквата и отстранете ги семките. Покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја околу еден час во загреана рерна на 200°С. Откако ќе се олади, со лажица извадете ја внатрешноста. Ставете ја во блендер или убаво испасирајте, за да добите пире.
Премачкајте ги формите за мафини со малку путер или маргарин и оставете ги настрана.
Во длабок сад ставете ги сите суви состојки, односно брашното, белиот и кафеавиот шеќер, солта, содата, циметот, каранфилчето и морското оревче. Промешајте.
Во друг сад ставете ги јајцата, пирето од тиква, маслото и екстрактот од ванила. Промешајте со маталка, но не премногу и така добиената смеса турете ја во садот со сувите состојки. Добро промешајте со лажица.
Ставете од смесата во формите за мафини и печете на 190°С околу 20 минути.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.