Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиПравилен начин на собирање и сушење лековити растенија

    Правилен начин на собирање и сушење лековити растенија

    petel baner

    При собирање на лековити ароматични растенија треба да се знае точно за што се собираат истите, односно кој дел од растението се собира и во кое време тоа треба да се направи.

    Според тоа постојат одредени правила. Ако се користи коренот, тоа растение се собира во пролет или есен, лисjaтa се собираат кога растението е во фаза на интензивно цветање, а плодовите се собираат или пред зреење или кога плодот е целосно зрел.

    Сите растенија се собираат по убаво и суво време, околу пладне кога во воздухот има најмал процент на влага.

    Otkup na kompiri

    При собирање лековити растенија или нивните делови се сместуваат во плетени кошници, кутии или платнени кесиња. Никогаш не смее да се користат пластични кеси зашто во нив нема циркулација на воздухот и собраните растенија брзо овенуваат, а може да се појави и трулеж.

    Кога се собираат растенија во планински предели или самоници треба да се внимава во реонот на нивно виреење да се остават барем по 30 примероци за да се спречи целосно уништување на растенијата и да не се дозволи нарушување на еколошката рамнотежа.

    Собирање цветови

    Цветовите се собираат кога растението е во фаза на почеток на цветање. Цветовите се многу нежни па затоа се собираат еден по еден. Тие се складираат во плетени кошници или кутии и при тоа треба да се внимава да не се нагмечуваат или физички оштетуваат, а веднаш потоа се пристапува кон нивно сушење во природни услови или специјално направени сушници.

    Собирање лисја

    Лисјата се собираат пред цветање или за време на цветање на растението. Најквалитетни лисја се собираат во период кога се јавуваат првите цветови зашто тогаш се најсочни и со најмногу лековити материи во себе. Лисјата се собираат по убаво и суво време, зашто влагата може да доведе до палење-трулеж. Треба да се собираат само млади, здрави, сочни лисја кои се складираат во кошници или кутии без да се нагмечуваат и веднаш се носат на сушење. Собирање тревести лековити растенија.Тоа се надземни зелјести растенија познати како треви. Се собираат во почетокот на цветање на растенијата заедно со стеблото, листот и цветот. При тоа важно е тоа да не се собираат интензивно расцветани растенија затоа што тие поседуваат многу помалку лековити материи. Се собираат по убаво и суво време кога во воздухот има најмалку влага, се чуваат и сушат вообичаено.

    Собирање плодови и семиња

    Плодови и семиња се собираат кога се зрели, освен плодот на шипинката која се собира пред фаза на целосно зреење.

     Кора како лековита сосотјка

    Кога се собира кора од одредини растенија таа се лупи во текот на пролетта кога дрвото содржи најмногу сокови односно лековити сосотојки. Секогаш кората се лупи од млади гранки здрави, без траги од механички оштетувања.

    Сушење цветови

    Претходно исчистени цветови се сушат под сенка на чардаци или провевни простории. На подлогата се става чиста простирка од платно или хартија, а цветовите се ставаат во тенок слој со што се овозможува нивно целосно зачувување во сув облик.

    Сушење лисјата

    По собирањето на здрави сочни лисја веднаш се носат на сушење исто како и цветовите. Сувите лисја треба да ја зачуваат бојата и својот изглед.

    agrounik

    Сушење треви

    Кога се сушат треви или надземни делови од растенија се врзуваат во китки кои се обесуваат во простор заштитен од сонце, изложен на провев, на чардак или во соба. Сепак подобро е кога тревите се сушат распослани во тенок слој на хартија или платно. Ако се сушат во сушилници температурата треба да биде 35-40°С.

    Сушење корени и ризоми

    Се чистат од земја а по потреба се сечат на помали парчиња. Вака подобро и побрзо се сушат и го зачувуваат својот квалитет. Корењата кои не содржат етерични масла може да се сушат со директно изложување на сонце во траење од 10 дена за потоа процесот на целосно сушење да се заврши во просторија под сенка. Корените од лековити растенија кои содржат етерични масла се сушат исклучиво под сенка или во сушилници на температура од 50-80°С.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сушење плодови и семиња

    Семињата се сушат на сонце и под сенка. Семињата од мешункасти растенија се сушат уште во плодот. А нивно досушување се прави на места со поголем провев без директна сончева светлина. Треба да се внимава кога се сушат сочни плодови на малини, капини, шумски јагоди, боровинки. Да се внимава тие да не се лепат меѓу себе и да не формираат т.н. слатки грутки.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img