Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиИсплатени се субвенциите за органско производство за 2021 година

    Исплатени се субвенциите за органско производство за 2021 година

    petel baner

    Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата за мерката Органско производство за 2021 година. 816 лица добија вкупен износ 102.621.983,00 денари.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk


    Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и органско органско производство. Исто и производство преод согласно Законот за органско земјоделско производство. Или пак имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

    Корисници на оваа мерка се и откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или пак вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

    Плаќањата за растителното и сточарското органско производство и производство во преод се дополнителна поддршка од 30% до 100% на основните директни плаќања по пријавена површина и пријавени грла.

    Директните плаќања за површини наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред се во висина од 3500 денари / хектар.

    Дирекните плаќања за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 10% од вредноста на произведените и продадените производи со максимален износ до 150.000 денари по оператор.

    Дирекните плаќања за трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 5% од вредноста на продадени / извезени производи со максимален износ до 150.000 по оператор.

    Директните плаќања за стручна контрола и сертификација ги покриваат трошоците за добиен сертификат издаден од овластено лице во висина од 50%.

    Директните плаќања анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски , педолошки или анализи на остатоци од пестициди и тешки метали и други материи на почва и во органски производи ги покриваат трошоците за анализите во висина од 70%, но не повеќе од 9000 денари без ДДВ.

    За добивање на финансиската поддршката корисниците имаат обврска да достават договори со овластени акредитирани тела за вршење на стручна контрола во органското производство, фотокопии од сертификат за извршена стручна контрола од страна на овластеното акредитирано тело, финансиски документи за продадени производи на домашен пазар или царинска декларација за извоз, платени фактури за стручна контрола и сертификација како и извештаи од лабаратории за извршените анализи.

    Otkup na kompiri

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK




    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img