Во Германија во просек секоја недела се колат 750.000 свињи.
Германија е еден од најважните светски извозници на свинско месо, но прашање е дали ќе го задржи тој статус.
Имено, до средината на ноември во Германија се заклани околу 8,4 отсто или околу 3 милиони свињи помалку од претходната година, а надолниот тренд продолжува.
„Се подготвуваме за пад на околу 550.000 колења неделно“, рече д-р Дирк Коклер, извршен директор на агро-трговската групација „Агравис“ на неодамна одржаниот саем EuroTier. Во оваа земја во просек секоја недела се колат 750.000 свињи.
Помеѓу 2010 и 2020 година, тој број достигнуваше повеќе од еден милион на неделна основа. Падот на околу половина милион колења би го преполовил производството во рок од неколку години.
Хуберт Келигер, член на одборот на здружението за месната индустрија и менаџер за продажба на кланицата Вестфлејш тврди дека кланиците не можеле да им исплатат пари на земјоделците поради зголемените трошоци.
Следствено, фармерите се откажуваат од производството поради неликвидност или затоа што не гледаат иднина за сточарството во Германија. Затоа месото ќе стане дефицитна стока, а на полиците на продавниците нема да има домашни производи, коментира тој.
Минатата година популацијата на овие животни паднала на најниско ниво во последните 25 години, а годинава се очекува да се намали за уште 10 проценти. Моментално германските кланици работат само во една смена.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK