Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиИма ли недостиг на јајца во ЕУ?

    Има ли недостиг на јајца во ЕУ?

    petel baner

    Во Велика Британија, поради недостиг на јајца на пазарот, потрошувачите се ограничени на само две пакувања. Можниот недостиг на производи од живина се повеќе е тема во земјите од Европската унија.

    Одгледувачите оценуваат дека нестабилноста може да доведе до криза на пазарот и големо поскапување. Таквата состојба би можела да трае до Велигден.

    Otkup na kompiri

    Од почетокот на годината јајцата во малопродажбата поскапеа во просек за околу 20 отсто. Нема информации што би можело понатаму да се случува на пазарот.

    Производството на јајца во Европската унија е значително намалено. Делумно и поради енергетската криза, но поттик беше ширењето на птичјиот грип. Речиси 50 милиони живина угина годинава во Европа поради заканата од птичји грип и беа убивани диви и домашни птици.

    agrounik

    Се нагласува дека високиот степен на заболување кај дивите птици доведува до зголемување на бројот на заболени на стопанските фарми. На повидок нема решение кое би го ставило под контрола овој проблем.

    Во Хрватска, на пример, од минатата недела се во сила ригорозни мерки за спречување на појава и ширење на птичји грип по неколку потврдени случаеви. Тамошното Министерство за земјоделство издаде соопштение дека одгледувачите треба да ја чуваат живината во затворени простории за да се спречи нивниот контакт со дивите птици.

    Еден од најголемите извозници на трпезни јајца изјави дека годинава за прв пат вирусот се проширил во текот на целата година и поради тоа до Велигден може да се очекува недостиг на јајца. Како што нагласи, пазарот веќе е во криза поради огромниот пораст на трошоците за производство. Голем број производители го намалија или целосно го прекинаа производството. Исто така, Хрватскиот институт за статистика прогнозира дека цената на трпезните јајца во наредниот период ќе порасне и до 43 отсто, што е значително повеќе од свинското месо (28,4) или млекото за 20 отсто.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Порталот наведува дека има многу проблеми во живинарството, но веројатно најголем е скапата храна, чија цена се формира на светските берзи, иако се произведувала пред актуелната криза.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img