Со помош на вегетацијата која преовладува во одредено подрачје, може да се добие појасна слика за квалитетот на почвата и за нејзината плодност.
Заради ова, самоникнатите растенија и плевелите се индикатори кои укажуваат за физичките, хемиските и биолошките својства на почвата каде се распространети. Така, присуството на камилица, коприва, глуварче или бела лобода е индикатор дека почвата е богата со хумус, кој го стимулира растот и развојот на растенијата и придонесува за зголемување на отпорноста на мраз на културите и нивната отпорност на разни видови на болести. Од друга страна, грашокот, цикоријата, гороцветот или крвавецот најчесто се појавуваат на почви богати со калциум. Освен овие, постојат и растенија кои поднесуваат широк распон на PH во почвата и истовремено успеваат на сите видови на почви.
Затоа, пред да се пристапи кон обработка на почвата и сеидба или садење на одредена култура, треба да се има во предвид дали истата е погодна за раст и развој на избраната култура.
Текст на Ивица Ангеловски