Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиМулчирањето

    Мулчирањето

    petel baner

    Мулчирањето
    Мулчирањето

    Еве еден добар пример за домаќинско работење и МУЛЧИРАЊЕ.

    Како агротехничка мерка во насока на контрола на плевелите во градинарското производство, мулчирањето се практикува многу одамна.

    И покрај развојот и примената на разните хербициди, овој начин на контрола на плевелната вегетација сеуште игра значајна улога при производство на разни градинарски култури.

    Otkup na kompiri

    Со воведување на полиетиленски фолии во 1950 година, значително се измени начинот на кои овие прекривки се користат.

    Кога се комбинираат со соодветна обработка на почвата и правилен избор на хербициди, пластичните фолии практично овозможуваат одржување на почва чиста од плевели.

    agrounik

     Нивната способност да влијаат и врз микроклимата во зоната на растенијата води до порано производство, подобар квалитет и до повисок принос од градинарските растенија. Оттука, користењето на полиетеленските фолии се препорачува како задолжителен и неопходен дел во современото градинарско производство.

    Како и да е, во насока на зачувување на животната средина и загадувањето што фолиите можат да го направат, за истата намена се изнаоѓаат алтернативни решенија.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Така, прекривките направени од хартија се лесно разградиви и направени од обновливи ресурси, меѓутоа се доста кабести и чинат поскапо. Органските мулчери како што е сламата иако имаат позитивен ефект во збогатување на почвата со органска материја и во подобрување на почвената структура, од друга страна, тие не ја загреваат почвата до тој степен како што го прават полиетиленските фолии и не се погодни за користење во услови на поладна клима.

    Со развојот на технологијата, воведени се комплетно разградиви мулчери направени од природни полимери, кои во целост можат да ги заменат синтетичките.

    Барзем засега, повисоката цена ја ограничува нивната помасовна употреба и црните полиетиленски фолии се уште се најшироко употребувани во производството на градинарските култури.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img