Свињите „GalSafe“ сега се приклучуваат на лососот како единствени генетски модифицирани организми одобрени за човечка исхрана во САД. Свинско месо ќе се користи во исхрана и во фармација
Администрацијата за храна и лекови на САД одобри употреба на генетски модифицирани свињи за човечка исхрана. Исто така и во фармацијата и медицинските производи. Овие свињи, може да се користат во производството на лекови, за снабдување на органи и ткива за трансплантација. Исто така и за производство на месо кое е безбедно за консумирање од луѓе со алергии.
Тие се развиени од компанијата Revivicor и се првите ГМО животни одобрени од ФДА за човечка исхрана и медицинска употреба.
Така, покрај ГМО лососот, свињите ќе бидат дозволени за човечка исхрана во САД. Компанијата наведува дека првично ќе го продава својот производ исклучиво на испорака и нема да биде во продавниците некое време.
ГМО Свинско месо – решение за “Alfa-gal” синдромот
Генетската промена кај овие свињи го елиминира алфа-гал шеќерот пронајден на површината на нивните клетки. Имено, некои луѓе може да имаат алергиска реакција доколку консумираат ваква форма на шеќер што нормално се наоѓа во говедско, свинско, јагнешко и друго црвено месо.
ФДА наведува дека овие свињи потенцијално можат да бидат извор на материјал за производство на медицински производи без алфа-гал шеќер.
„На пример, тие потенцијално може да се користат како извор на хепарин за разредување на крвта“. Ткивата и органите на овие свињи можат потенцијално да го решат проблемот со имунолошко отфрлање кај пациенти со ксенотрансплантација, бидејќи се верува дека е предизвикано од алфа-гал шеќер.
Влијанието врз животната средина?
ФДА посочува дека ја процениле безбедноста на оваа генетска модификација и за животните и за луѓето кои го јадат нивното месо, како и намерата на производителите да ги пласираат на пазарот заради нивната способност да го елиминираат споменатиот алерген во свинските клетки.
Тие исто така нагласуваат како го анализирале потенцијалното влијание врз животната средина и откриле дека е слично на влијанието на конвенционалното земјоделство. Сепак, условите под кои ќе се водат ќе бидат далеку построги.
Покрај свињите и лососот, пред повеќе од 10 години, ФДА одобри ГМО кози кои содржат лек за спречување на тромб во нивното млеко, додека во 2015 година тие издадоа одобренија за одгледување на ГМО кокошки кои во јајцата создаваат лек за артритис и некои видови рак.
За најнови информации од областа на земјоделието посетете ја рубриката Агро вести, како и социјалните мрежи на Facebook и Viber.