Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиРусија и Кина ја зајакнуваат меѓусебната трговија

    Русија и Кина ја зајакнуваат меѓусебната трговија

    petel baner

    Русија и Кина ја зајакнуваат меѓусебната трговија. Денес Кина е најголемиот купувач на руски земјоделски производи и храна.

    Русија и Кина

    Шефот на руското Министерство за земјоделство, Дмитриј Патрушев, оствари средба со амбасадорот на Кина. Тие разговараа за земјоделската соработка меѓу двете земји.

    Otkup na kompiri

    Патрушев истакна дека двете земји историски биле поврзани со пријателски односи. Тоа е потврдено, меѓу другото, и со редовни контакти на државно ниво. Исто така, трговијата со земјоделски производи меѓу земјите продолжува да расте.

    Прометот на овој вид стока во 2019 година беше поголем за 11% и изнесуваше околу 5 милијарди долари. Во 11-те месеци од минатата година, и покрај генералниот пад на деловната активност, обемот на меѓусебна трговија во агро-индустрискиот сектор се зголеми за дополнителни 11%. Денес Кина е најголем купувач на руски земјоделски производи и храна. Во 2019 година, нејзиното учество е 12,5% во извозот на тој вид на нивни производи.

    agrounik

    Тие постигнале договор за остварување на прометот во трговијата на 200 милијарди долари до 2024 година.

    Што извезува Русија во Кина?

    Според министерот, најперспективни области се мешунките, живината, свинското месо, растителните масла, рибата и млечните производи. Со цел развој на партнерства во земјоделскиот сектор, Патрушев ја истакна потребата од повторно развивање на заеднички планови за продлабочување на руско-кинеската соработка во снабдувањето со добиток и растителни производи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Страните разговараа и за обезбедување заемен пристап до стоки. До денес, повеќе од 230 руски компании добија право да извезуваат руско млеко и млечни производи, живина, говедско месо итн. до Кина.

    Русија првенствено извезува суровини како нафта, гас, јаглен и дрво во најнаселената земја во светот. Од друга страна, Пекинг ги продава своите машини, возила и добра за широка потрошувачка на својот северен сосед. Трговијата со Русија учествува со само 1,9% во кинеската трговија, што е, всушност, занемарлива сума. Пазарите на САД и ЕУ се многу поважни за таа земја.

    Да потсетиме , неодамна рускиот претседател Владимир Путин ја продолжи забраната за увоз на млечни производи, месо, сирење, риба, овошје и зеленчук од ЕУ до 31 декември 2021 година. Земјата го користи ембаргото за да го продолжи сопственото производство, на пример во млечната индустрија, со цел да се намали зависноста од увоз што е можно повеќе.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img