Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиЗаштита на домашните растенија

    Заштита на домашните растенија

    petel baner

    За заштита на домашни растенија, потребно е да се применат одредени мерки со цел растенијата да бидат здрави и отпорни.

    agrounik

    Пожелно е постојано да се следи нивото на влажност. Треба да се прилагоди количината на наводнување на потребите на домашните растенија. За време на постудените денови, растенијата автоматски ја намалуваат потрошувачката на вода како резултат на забавувањето на сите физиолошки процеси. Со прекумерна влага, постои поголема можност за гниење на коренот. На почетокот на пролетта се препорачува пресадување на растенија.

    Otkup na kompiri

    Грижа и превентивна заштита на домашните растенија

    Во случај на лиснати и украсни типови на домашни растенија, задолжително е да се отстранат оштетените и мртвите лисја. Треба да се контролираат стеблата и корените на растенијата за да се утврди дали биле нападнати од гниење, бидејќи во текот на зимата и раната пролет постои опасност од погрешна проценка на потрошувачката на вода. Доколку се појави оваа болест, пожелно е да се користи фунгицид со ботритицидно дејство. Неопходно е да се отстранат сите исушени или овенати листови и цвеќиња, бидејќи тие претставуваат потенцијална опасност од болеста предизвикана од сиво гниење (Botritis sp.). Африканските темјанушки и циклама се првенствено подложни на оваа болест.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Покрај добрата грижа, превентивната заштита со фунгициди е подобро решение отколку да чекате да се појави инфекцијата. Растенијата треба превентивно да се контролираат од напади на грини, бели пеперутки и вошки. Топлите и суви услови одговараат на белите вошки и грини, а централното греење е особено погодно за нив. Како што минуваат низ неколку фази на развој – од јајца, преку ларви до возрасни – нивната контрола е многу потешка и затоа превентивниот пристап е најважен.

    Мувите, кои несат јајца на површината на подлогата, исто така можат да бидат голем проблем, а ларвите подоцна живеат од распаѓачки материјали, како на пр. тресет, мртви лисја и корени. Нивниот изглед е почест ако се зголеми влажноста на подлогата, односно ако наводнувањето е прекумерно.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img