Општо е познато дека овците кои се навлажнети за време на зимските студови или подолго време се изложени на студено време не се во можност доволно да го загреат телото со сопствената топлина. Во случај на честа повторна појава на оваа состојба, може да се појават терморегулаторни нарушувања, а со тоа и слабеење на имунолошкиот систем и појава на болести.
Слични проблеми се јавуваат во периодот на зимско јагнење. Телото на овците одеднаш ослабува поради подготовката и чинот на јагнење и последователното одгледување на младенчињата.
Се разбира, вакви проблеми не се појавуваат во затворени бачила, туку во полуотворени или целосно отворени бачила. Не е на одмет да се направи мала просторија каде што овците би се објагнеле и каде би биле сместени за време на екстремно ниски температури и зимските студови.
Изолирање на просторијата
Идејата е да се искористи волната за изолација, која најчесто се фрла денес. Во рамките на постојното бачилото, се прави посебна просторија. Од внатрешната страна, просторијата се покрива со даски, додека однадвор, таа се обложува постепено, почнувајќи од патосот. Се разбира, се одбива од подот 10 см. (тампон зона) за да се спречи влагата. Во меѓупросторот, празнината од 10 см, постепено се набива волна и се заковува даска. Изолацијата на таванот се прави на сличен начин.
За одреден временски период (година, две или три), во зависност од количината на стрижена волна, празнините целосно се исполнуваат и имате просторија со квалитетна топлинска изолација и за зимскиот и за летниот период. Оние што направиле слични простории тврдат дека во зимски услови ако е над -20 надвор, температурата не паѓа под +12 степени, односно во лето на +35 внатре е само нешто повеќе од 20 степени.
Се разбира, волнениот „сендвич“ може да предизвика и проблеми акде би се собирале инсекти, глувци и слично. Ова лесно се решава со употреба на органотифосфат инсектицид. Со направениот раствор, волната постепено се се натопува, што обезбедува целосна заштита, а истовремено го продолжува рокот на траење.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.