Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиРусија воведува повисок данок на жито од 1ви март

    Русија воведува повисок данок на жито од 1ви март

    petel baner

    Продолжува обидот на руската влада да го ограничи растот на цените на храната на домашниот пазар. Како решение тие сметаат воведување данок на жито (пченка, пченица и јачмен).

    Руската влада официјално го одобри предлогот за воведување повисок данок на извоз на пченица од 1 март. Како што најавија, ова е уште еден обид да се спречи зголемувањето на цените на храната предизвикана од пандемијата.

    Otkup na kompiri

    Владата одобри данок за извоз од 50 евра по тон и тој ќе се применува од 1 март до 30 јуни 2021 година. Дотогаш, од 15 февруари до 1 март, тоа ќе биде 25 евра по тон. Покрај тоа, јачменот и пченката ќе чинат 10 евра по тон, или 25 евра од 15 март до 30 јуни.

    „ Цените на домашниот пазар се под притисок на глобалниот раст“ , рече заменик министерот за економија  Владимир Иљичов . Тој додаде дека Москва ќе продолжи да ја следи ситуацијата. Подготвена е дополнително да го прилагоди регулаторниот механизам доколку е потребно.

    „ Во исто време, се надеваме дека во блиска иднина цената ќе се стабилизира и дека ќе можеме да преминеме на постојан инструмент на извозни царини “, заклучи тој.

    agrounik

    Тие планираат да продолжат со оданочување на извозот на пченица во новата сезона, која започнува на 1 јули. За тоа потоа ќе подготват формула за пресметување на износот, наместо сегашната фиксна царина.

    Раст на цените на светскиот пазар

    Патем, оваа земја е еден од најголемите извозници на пченица во светот. Да потсетиме,  глобалните цени на ова жито нагло скокнаа откако руските власти први објавија предлог за зголемување на даноците.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Имено, земјоделците и преработувачите на храна од таа земја долго време бараа воведување на  ваков вид данок на пченицата бидејќи цените на лебот, брашното, но и растителните масла, шеќерот и сличните производи нагло пораснаа поради многу високиот извоз, додека приходите на производителите драматично падна во време на коронарна криза.

    Исто така, треба да се спомене дека неодамна рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и ја продолжи  забраната за увоз на  млечни производи, месо, сирење, риба, овошје и зеленчук од Европската унија до 31 декември 2021 година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img