Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

29.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро советиНаѓубрување на компир пред и по сеидбата

    Наѓубрување на компир пред и по сеидбата

    Наѓубрување на компир – За одгледување компири, најсоодветни се лесни, растресити, потоа средно-лесни и средно-тешки плодни почви со ронлива структура со многу хранливи материи. 

    Наѓубрување на компир значително влијае на формирање на приносите. Компирите имаат значително поголеми побарувања за хранливи материи од повеќето култивирани растенија. Соодносот на 10 тони компир во просек е 48 кг азот, 15 кг фосфор и 85 кг калиум.

    Компирите се наѓубруваат со органски и минерални ѓубрива. Примената на органски ѓубрива (30-40 t / ha) има многу поволно влијание врз растот на компирот. Исто така поволно влијае и врз приносот и квалитетот на кртолите. Минералните ѓубрива се применуваат наесен со основен третман (фосфор и калиум). Додека на пролет, пред садењето, во форма на едно прихранување (азотно).

    наѓубрување на компир

    Количината на минерални ѓубрива зависи од тоа дали се користи органско ѓубриво или не. На земјишта кои се обезбедени со просечни хранливи материи, се наѓубрува со 120 кг N (азот), 80 кг P2O5 (фосфор) и 120-140 кг К20 (калиум) на хектар. Ако се употребува и органско ѓубриво, овие количини треба да бидат 30-40% помалку.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Хранлива вредност на печурките
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Домат Црвена круша – Одгледување и грижа
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img