Фармери од Германија поставија светски рекорд со паркирање на трактор со осум тони на 12 празни шишиња пиво. Како изгледаше тоа?
На југот на Германија, поточно во срцето на Баварија, се наоѓа општината Mallersdorf-Pfaffenberg, од каде доаѓаат земјоделецот Стефан Петке и неговиот син Фабијан Шремпф, кои се одлучија за необичен потфат. Имено, тие се обидоа да освојат светски рекорд во паркирање трактор на празни шишиња пиво.
Тие се обидоа да го стават своето возило Deutz- Fahr, тешко осум тони, на 12 празни шишиња. Но, како да не им беше доволно, тие исто така поставија временско ограничување од три минути.
Како прво, четворицата учесници во дворот на семејната куќа поставија своевидна рампа направена од дебели греди , со три шишиња меѓу нив. Тие ставија штици под и врз нив, само колку да може тркалото да застане.
Тие цело време имаа заштитни визири на главата во случај шишињата да пукнат под огромната тежина на тракторот.
Откако младиот возач маневрираше цела минута со доведување на тракторот на гредите, следуваше нивно внимателно отстранување. Следуваше вистинско изненадување. Монструозните тркала стоеја на стаклени шишиња, а во исто време, таткото и синот поставија рекорд за кој добија признание од Германскиот институт за рекорди (Rekord-Institut für Deutschland).
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.