Органско сточарство како начин на одгледување се повеќе зема замав барем во западните земји, бидејќи се смета за далеку похуман начин на одгледување на добитокот.
Екстензивниот начин на одгледување на добитокот во Македонија
е најблиску до органскиот. Таквиот начин на говедарство е лоциран во
повисоките делови или во компактно заостанатите рурални подрачја, каде
преку најголемиот дел од годината животните се одгледуваат на паша и
единствената храна која ја користат претставува тревната вегетација која
ја пасат. Но, во зимскиот дел од годината стоката се спушта во потоплите и
пониски делови каде врнежите од снег се минимални. Крајно екстензивно
одгледуваните стада од расата Буша во одредени години опстојуваат
преку целата година на отворено, без никакво додавање на друга храна.
Но, за да се обезбеди квалитетен прираст, одгледувачите кои практикуваат
полуинтензивен начин на производство преку зимата обезбедуваат
сместување и појачана исхрана.
Голем проблем во нашата земја е тоа што
фармерите освен пасиштата земени под закуп, не поседуваат обработливи
површини на кои би произведувале храна за животните.
Полова зрелост и парење
Шареноликиот расов состав на говедарството во Македонија
оневозможува општо одредување на половата зрелост и времето
на безбедно парење на женските и машките грла. Општа препорака
е јуниците да се припуштаат кога ќе добијат маса која е 70% од генетски
предиспонираната маса на возрасните грла.
Осеменувањето може да биде и вештачко, но се дава предност на
природното осеменување.
Кај нас застапено е контролираното парење од
рака и дивото или харемското парење.
Клонирањето или размножувањето на животните по пат на ембриотрансфер во органското говедарско производство не е дозволено.
При породувањето на животните кои се одгледувани на испаша
најчесто не е потребна интервенција од човекот.
Во случаи кога од било која причина породувањето е отежнато, потребно е да се повика ветеринар. Ветеринарите може да ни дадат многу корисни совети во врска со органско сточарство.
Услови за одгледување на говедата
Постојат неколку начини на одгледување на говеда:
• шталски;
• пасишен; и
• комбиниран.
Во Република Македонија најзастапен начин на одгледување кај
млечните раси е шталскиот, а кај товните раси комбинираниот.
Кога се планира да се подигне објект кој ќе ги задоволи пропишаните
барања за органско говедарство, најдобро е инвеститорот да побара
помош од консултант за органско сточарство за да не настанат грешки при
градењето.
При градење на органска фарма постои едно правило кое вели:
објектот треба да одговара на потребите на животните, а не на потребите
на човекот. Најдобро е ако се најде решение прифатливо за двете страни.
Во секој случај, објектите треба да бидат функционални, а евтини.
Во никој случај не е за препорака да се градат скапи објекти (што е чест случај
во Македонија), кои го намалуваат економскиот ефект од работењето, без
притоа да се зголеми квалитетот и квантитетот на производството.
Микроклиматските услови во објектот треба да одговараат на
потребите на животните.
Треба да се обезбеди правилна вентилација, да
не се дозволи во делови од објектите да има провев, температурата да не е
прениска или превисока.
Најдобра температура за одгледување на говеда
е од -3 до 5 степени Целзиусови.
Светлината во објектот треба да е доволна.
Добро е ако во најтемниот дел од објектот можеме да читаме текст објавен на земјоделие.мк 🙂
Хигиената во објектите е важен услов за обезбедување правилен
раст и прираст на животните.
Лошите хигиенски услови резултираат со
заболување на стоката како и намалување на производните особини.
Исхрана и тов
Ниската продуктивност на домашната автохтона раса Буша е
показател за тоа колку исхраната влијае на продуктивноста на грлата. Со
подобрена исхрана (ад либидум) на Буша постигнато е неколкукратно
зголемување на млечноста.
Со цел запознавање на фармерите со пропишаните правила во
органското земјоделие ќе објасниме неколку поими кои се битни во
органското говедарство.
Сува материја претставува делот од крмивото кој останал по
отстранување на севкупната влага од него. Познавањето на процентот на
сувата материја во органското производство е важен поради тоа што истиот
е ограничен со максимални количини кои едно грло може да ги прими
дневно.
Нето енергија е делот кој организмот на животните ќе го искористи
за своите потреби, не вклучувајќи го тука делот од енергијата кој
неискористен ќе се излачи преку фецесот, мочката, солзите и сл.
Нето енергијата, пак, се состои од два дела и тоа:
Енергија за одржување на базалниот метаболизам е енергија
која им е потребна на животните да ги обавуваат основните функции, на пр.
дишење, дигестија, одржување на телесната температура и сл.
Енергија за производство е дел од енергијата кој е потребен за
нормален прираст, млекопродукција, јајца кај живината и сл.
Протеини се градежниот дел на секоја клетка во организмот. За
нормален раст и развој на животните, потребата од протеини мора да е
во целост исполнета. Недостатокот се одразува во намалениот прираст,
намалена кондиција и производство.
Минерални материи се делат на микроелементи (кои во микро
количини се потребни на организмот)и макроелементи (одкои организмот
има потреба од поголеми количини). Недостатокот од минералите доведува
до неможност од функционирање на метаболизмот, заболувања, па дури и
смрт кај животните кои неправилно се хранат.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.