Азуки грав (Vigna angularis) е годишна тревна фиданка која припаѓа на родот Вигна, односно на семејството на грав (Fabaceae). Тој е култивиран вид и широко се одгледува низ источна Азија и Хималаите поради хранливите ситни семиња (со дијаметар од околу 5 мм). Зрелите плодови обично се црвени, но има и варијанти со бели, црни, сиви и други нијанси.
Општо прифатеното име на видот е позајмено од јапонскиот јазик (азуки), додека во Кина, каде претежно се одгледува, го нарекуваат „црвен грав“ (т.е. хонгду и чиду).
Одгледување азуки грав
Денес, гравот Азуки најмногу се одгледува во Кина (на површина од околу 670 000 хектари), Јапонија (60 000 ха), Јужна Кореја (25 000 ха) и на кинескиот остров Тајван (15 000 ха). Покрај овие земји, азуки сега се одгледува во значителни количини во САД, Индија, Нов Зеланд, Конго, Ангола и низ Јужна Америка. Во Јапонија, азуки е најважниот мешункаст зеленчук после соја, а Јапонија е и најголемиот увозник на овој вид грав во светот.
Оптималните температури за нормален раст на азуки гравот се помеѓу 15 ° C и 30 ° C, тој не толерира мраз, а за ‘ртење температурата на почвата мора да биде над 10 ° C. Сепак, високите температури го стимулираат растот на вегетативните делови на растението, со што се намалува приносот на родот. Идеалната количина на врнежи во текот на вегетативната сезона варира помеѓу 500 и 1.750 мм, а видот е отпорен на благи суши.
Опис
Гравот Азуки е едногодишно, ретко биеналено растение високо, од 30 до 90 сантиметри.
Може да се искачи во висина, а во отсуство на соодветна поддршка, расте како лежечки вид. Стеблото е зелено и е покриено со мали влакна.
Коренот е во облик на вретено и може да порасне од 40 до 50 сантиметри во длабочина.
Листовите се големи и триделни, развиени на долги ливчиња. Тие имаат овална форма, должина 5−10 см и ширина 5−8 см. Цветовите се претежно жолти, папиларни, додека соцветот се состои од шест до десет одделни цветови.
Плодот на азуки грав е мазен и цилиндричен мешун со прилично тенки sидови. Младата мешунка е зелена и со созревањето станува сиво-бела. Должината на мешунката варира помеѓу 5 и 13 см, ширина околу 0,5 см. Внатре во секоја мешунка има од 2 до 14 семиња.
Семето е мазно и цилиндрично, со должина од 5 до 9,1 милиметри, ширина од 4,0-6,3 мм и дебелина од 4,1 до 6 мм. Бидејќи семето е прилично мало, околу илјада семиња тежат помеѓу 50 и 200 грама. Бојата варира од костенлива до сино-црна, а најчесто се црвеникави.
Семето на зрната Азуки се карактеризира со хипогено ‘ртење, а во зависност од условите, ртење на семето од 7 до 20 дена, што е доста бавно во споредба со другите видови на грав. Во зависност од разновидноста и условите на животната средина, азуки достигнува зрелост по 80 до 120 дена од ‘ртењеto. Цветaњето трае од 30 до 40 дена.
Гастрономија
Азуки гравот е широко користен во кујните на источноазиските земји, каде што обично се засладува пред употреба. Со готвење семе од зрна азуки со шеќер, се добива паста од азуки („анко“), што е една од најважните состојки во кујните во овие земји. Никулците од грав од азуки исто така често се користат во гастрономијата.
Што содржат зрната азуки?
-Калории 329
– липиди: 0,5 g
– заситени масти: 0,2 g
– полинезаситени масни киселини: 0,1 g
– мононезаситени масни киселини: 0 g
– холестерол: 0 mg
– натриум: 5 mg
– калиум: 1254 mg
– јаглехидрати: 63 g
– диетални влакна: 13 g
– протеини: 20 g
– ретинол: 17 IU
– витамин Ц: 0 mg
– калциум: 66 mg
– железо: 5 mg
– витамини Д, Б6,Б12
– магнезиум: 127 мг
Лековити својства
Азуки гравот е извор на витамини од групата Б и минерали како магнезиум, калиум, цинк, железо, бакар и манган. Го подобрува протокот на крв и циркулацијата во нашето тело и го чисти организмот од штетни материи. Благодарение на своите диуретични својства, служи за исфрлање на вишокот течности од телото.
Им помага на бубрезите, мочниот меур и репродуктивните органи. Има малку калории и има многу малку маснотии. Во споредба со другите видови на грав, овој грав не предизвикува надуеност и гасови, но ни помага да ги отстраниме.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.