Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

29.8 C
Skopje
Wednesday, September 20, 2023

More
    домаАгро ВестиВЕЛИГДЕНСКО ЈАГНЕ 2021 ГОДИНА

    ВЕЛИГДЕНСКО ЈАГНЕ 2021 ГОДИНА

    Petel.mk

    ЦЕНА НА ВЕЛИГДЕНСКО ЈАГНЕ -2021 година

    Еден  од главните извозни производи за кои имаме природни агроеколошки ресурси за ппроизводство е јагнешкото месо. Истото представува деликатес и е далеку прочуено како производ од чиста еколошка средина. Во минатото од јагнешкото месо државата имаше девизен прилив од над 100 милиони УСА долари.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Оваа година заклучно со почетокот на месец април, извезени се 137 000 јагниња со вкупна тежина од  над 1 400 000 кигограми. Цената се движеше од 130 до 155 денари по килограм жива мера. Истата варира во зависност од тежината на јагнето, периодот на откуп и откупувачот. Со приближување до сезоната на шпицот (Велигденско јагне), откупната цена порасна на 155 денари. Со самото тоа цената на јагнешкото месо во месарниците се покачи  од 280 денари  на 350 денари ( некаде се нудеше и за  360 денари).

     Бројот на овците се намалува како на глобално така и на локално ниво -(условите за одгледување на овци се потешки), јагнето станува дефицитерен производ, па сточарите се надеваат дека откупната цена во иднина ќе биде повисока.

    Извор на информација ЗПИС

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img