домаАгро ВестиПад на светската потрошувачка на вино

Пад на светската потрошувачка на вино

Prokredit baner

Остар пад на светската потрошувачка на вино. Толку лоша година не се памети од 2002 година. Светската потрошувачка на вино во 2020 година падна за три проценти во споредба со претходната година и со тоа достигна најниско ниво од 2002 година. Покрај падот на потрошувачката на вино, се пиеше помалку и пиво.

Потрошувачката на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри. Тоа е за три проценти помалку од претходната година и е најниско ниво од 2002 година, соопшти Меѓународната организација за лозарство и енологија со седиште во Париз.

Семенарна хоризонтален банер

Во нивниот извештај тие проценуваат дека вкупниот извоз од земјите производители на вино изнесува  29,6 милијарди евра. Ова е пад од скоро седум проценти за само една година. Главниот виновник е пандемијата „Ковид-19“, која принуди многу земји да затворат кафулиња и ресторани, а туризмот, кој е важен за винскиот сектор, генерално страдаше.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Како резултат, најмногу претрпеа врвните вина. Најголем пад на потрошувачката е забележан во Јужна Африка, со 19,4 проценти. Следува Кина со 17,4 проценти.

Тигар лого гиф

Во исто време, светското производство порасна за еден процент во споредба со 2019 година, достигнувајќи 260 милиони хектолитри. Површината под винова лоза исто така остана стабилна, а минатата година се проценува на 7,3 милиони хектари.

„ Секторот е високо концентриран, па затоа и ризичен. Ова ни покажува дека неговата диверзификација е неопходна, почнувајќи од потрошувачката “, рече директорот на ОИВ, Пау Рока . Меѓу другите цели, оваа организација работи на тоа да го направи виното повеќе универзален потрошувачки производ. „ Азија, каде потрошувачката расте, е еден од главните предизвици за винскиот свет “, заклучи тој.

Petel.mk

Паѓа и потрошувачката на пиво?

Но, виното не е единствениот алкохолен пијалок чија потрошувачка се намали за време на пандемијата. Според вестите на АП , во Чешка потрошувачката на овој пијалок е намалена за пет проценти на најниско ниво во скоро 60 години. Имено, проценките покажуваат дека секој жител на таа земја лани испил 135 литри , што е за седум литри по лице помалку отколку во 2019 година.

потрошувачка на вино

Само една година претходно, Чесите испија третина пиво, претежно свежо точено, во пабови, а минатата година тој дел падна на една четвртина. Покрај тоа, производството на пиво падна за 1,5 до 20,1 милиони хектолитри. Од тоа, само пет милиони хектолитри беа извезени, а пандемијата го прекина осумгодишниот период на раст.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img