Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Thursday, October 10, 2024

More
    домаАгро советиМикотоксини на плодовите од овошје и зеленчук

    Микотоксини на плодовите од овошје и зеленчук

    petel baner

    Најчестите видови на габи чии микотоксини можат да се најдат на плодовите од зеленчукот и овошјето припаѓаат на родовите: Aspergillus, Penicillium и Alternaria.

    Развојот на овие габи на овошјето и зеленчукот може да се случи за време на сезоната на растење, како и за време на манипулациите за време на бербата, сортирањето, транспортот и складирањето.

    Otkup na kompiri

    Во нашитре климатските услови, секоја година е погодна за појава на барем една од овие габи. Лошите услови на чување на овошјето значително влијаат на зголемувањето на нивото на инфекција и контаминацијата со микотоксини.

    Габите ги загадуваат овошјето и зеленчукот и нивните плодиви со своите микотоксини. Првиот чекор кон утврдување на нивното присуство е да се утврди присуството на токсигени габи. Ако овошјето и зеленчукот не се заразени со овие габи, микотоксините нема да бидат присутни ниту во плодот.

    Целосна елиминација на микотоксините од храната би била идеална, но тоа е практично невозможно. Габите што ги синтетизираат се наоѓаат насекаде околу нас. Сепак, факторите што влијаат на ниниот развој може да се контролираат.

    agrounik

    Контрола на факторите кои влијаат за развивање на Микотоксини

    Неопходно е условите во кои се одгледуваат и чуваат плодовите, да бидат што е можно понесоодветни за развој на токсигени габи. Од друга страна да бидат соодветни за развој на плодовите и нивно складирање. Неповолните услови на животната средина во кои растат, како што се суша, инсекти, осетливоста на сортата, механички оштетувања, недостатоци во исхраната, неповолни температури или зголемена влажност, ја зголемуваат предиспозицијата на плодот кон напад на токсични габи.

    Микотоксини

    Од друга страна, глобалното затоплување, доведува до проширување на опсегот на термофилни токсигени габи. Тој се движи за околу три до пет километри кон половите годишно.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Добрата земјоделска практика е најважната и најефективната мерка за контрола. Примената на оваа мерка вклучува одгледување отпорни сорти на абиотички и биотски стресови. Потоа, избалансирана примена на ѓубрива, употреба на инсектициди, фунгициди и производи за заштита. Правилно наводнување, минимизирање на повредите при бербата и манипулацијата со плодовите.

    Исто така, од голема важност е добрата практика за складирање. Таа вклучува минимизирање на повредите при ракување, контрола на температурата и влажноста при складирање, хигиена на просторот за складирање и опремата, како и контрола на микроорганизмите и штетниците во магацинот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img