Кога ќе се појави летната топлина, почвата се суши и се загрева, се затегнува и пука, па можете да замислите што им прави на корените. Затоа е време да се интензивираат напорите со наводнување. Веднаш се поставува прашањето како да се наводнува градината. Еве како можете да процените сами.
Кога е време за топлотни бранови, одржувањето на растенијата за време на високи температури главно се однесува на обезбедување доволно вода.
За време на екстремните горештини, можеби е најдобро да си налеете ладна чаша лимонада, да ги подигнете нозете и да уживате во разладена климатизирана просторија. Но, колку што на нам ни е топло, толку и на растенијата. Наводнувањето во овој период е една од најважните работи што можете да ги направите за вашите зелени пријатели. Сепак, веднаш се сопнуваме на прашањето: колку и како треба да се наводнува?
Одговорот не е едноставен, тој варира од растение до растение, од место до место, температура на воздухот и видот на почвата во градината. Ако вашите растенија се во саксии, ова е уште еден фактор што треба да се разгледа. За среќа, растенијата ни испраќаат сигнали кога немаат вода.
На пример, ако ги проверите растенијата наутро и изгледаат добро, но до средината на попладнето тие стануваат млитави, со лабави лисја или мала промена на бојата на лисјата – тие растенија треба да се напојат. Ако растенијата во саксии целосно се исушиле помеѓу наводнување, мора да ги наводнувате почесто.
Не е важно дали ги наводнувате растенијата рачно или користите систем капка по капка, важно е да бидете доследни. Можеби ќе бидат потребни неколку обиди да се открие колку вода да се нанесе. Трикот е многу едноставен. Наводнете ги растенијата како и порано, само вратете се за околу половина час. Ископајте дупка длабока околу 20 см во близина на растението.
Ако почвата е влажна а не мокро, добро сте ги напоиле. Ако почвата е сува, треба да наводнувате повеќе. Ако почвата е мокра – сте напоиле премногу и треба да намалите.
Дополнителни совети
Подобар начин на наводнување исто така го подобрува здравјето на растенијата, но тоа не е единственото нешто што можете да направите за да ја задржите влагата во екстремно топли денови.
Прекријте ги растенијата. Прекривката е одлична заштита од зимскиот студ, но исто така и неверојатна за заштита од летните горештини. Доволно е да нанесете прекривка со дебелина од 5-10 см околу вашите растенија. Кога наводнувате, на овој начин водата ќе остане во почвата подолго.
Ако имате растенија во саксии и ги чувате ги на тераса – преместете ги. Понекогаш се случува терасите да станат прилично жешки. Ако немате место со помалку директна сончева светлина, обидете се да создадете сенка со прекривка или мрежа, за да ја блокирате интензивната сончева светлина во најтоплите делови од денот.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.