Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
четврток, октомври 21, 2021

More
    домаАгро ВестиВалиски овци - најубавите овци на светот

    Валиски овци – најубавите овци на светот

    Раса Валиски овци за прв пат била спомената во 15 век, но дури во 1963 година била признаена како посебна раса. Тие се одгледуваат за волна и месо. Валиски овци потекнуваат од швајцарскиот регион Valais (Вале), тие се познати како најслатки и најубави овци на светот, особено кога се уште мали.

    Овците од Вале имаат целосно црна глава, а и машките и женските глави имаат извртени рогови. Многу е тешко да се разликуваат. Овните немаат опаш, додека кај овците се појавува. Волната е бела и рамномерно го покрива целото тело. Тие доаѓаат од југозападна Швајцарија, па најубаво им одговара суровата клима на високите планини. Се проценува дека во моментов има повеќе од 13.000 од нив.

    Возрасните овни тежат од 80 – 125 кг и се високи помеѓу 75 – 83 см. Овците тежат помеѓу 70 – 90 кг, со висина помеѓу 72 – 78 см. Тие имаат краток, мускулест врат, широко чело и уста, средни уши и римски нос. Градите се широки, а предните нозе се широко поставени. Тие се силни животни, со јака конституција и многу издржливи. Волната достигнува должина од 10 см, за што се потребни пет до шест месеци. Овците треба да се стрижат двапати годишно. Тие даваат во просек 1,6 јагниња годишно.

    Валиски овци

    Валиски овци се одгледуваат дури и како домашни миленици

    Овие овци се смирени по природа и пријателски расположени. Тие сакаат да се галат и можно е да ги дресирате. Поради овие одлики, многумина ги одгледуваат и како домашни миленици. Оваа година, од 24 до 25 август, во Велика Британија се одржува натпревар за најубави овци, каде има и асоцијација, која се обидува оваа раса да ја направи застапена на нивната територија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber

    spot_img
    spot_img
    spot_img

    ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ ЖИВЕЕ ОД ЗЕМЈОДЕЛИЕ?

    View Results

    Loading ... Loading ...

    Земјоделци проверете ги сметките

    Земјоделци проверете си ги сметките !!! Денеска владата ги исплати сите заостанати субвенции на Земјоделците.Исплатени се и сите субвенции што треба да се...