За да направите ликер од портокал и кафе, прочитајте го текстот подолу.
Ликер од портокал и кафе
Во кората од еден портокал, забодете 25 печени зрна кафе. Ставете го во тегла со 0,5 л гроздова ракија (може да биде и водка или некоја друга „мека“ ракија) и мацерирајте 30 дена. Потоа излупете го портокалот и исечете го и изгмечете го. Се процедува со сито, потоа се филтрира. Се додава уште половина литар ракија или водка во која претходно сме измешале 40 гр мед.
Се флашира и остава да отстои 30 дена пред употреба.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.