Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиМагдонос - Омилен зачин на дофат на раката

    Магдонос – Омилен зачин на дофат на раката

    petel baner

    Садењето и одгледувањето на магдонос е исклучително лесно, па затоа ова растение се препорачува за почетници. Ја решаваме дилемата помеѓу коренестиот и лисниот магдонос. Ова растение можете успешно да го одгледувате во градината или во саксија.

    Магдоносот е двегодишно растение, но најчесто се одгледува како едногодишно. Тоа е затоа што првата година создава вегетативни органи, корени и листови, а втората година е наменета за размножување, кога се развива цветното стебло.

    Otkup na kompiri

    Разликуваме два вида: коренест и листен магдонос. Коренестиот развива корен кој може да биде долг до 30 см, бел во боја и вретеновиден. Исклучително е здрав бидејќи е богат со витамини, минерали, влакна и есенцијални масла.

    Лисниот пак е хибрид кој дава бујна лисна маса и слабо развиен корен. Значи, ако сте се одлучиле за овој вид, треба да знаете дека тоа нема бел корен во облик на вретено што се користи за храна, туку богата лисна маса. Има способност брзо да ги обновува листовите. Го сечете и тој повторно расте . Важно е да се нагласи дека се сечат надворешните листови. Овој вид е одличен избор за одгледување во саксии. Треба да се има на ум дека различните сорти на магдонос даваат различни вкусови. На пример, еден е малку горчлив, додека оној со рамни листови е тој што најчесто се користи во кујната.

    Ниту една супа не може да се замисли без корените и/или листовите на магдоносот. Листовите се исто така лековити. Исклучително е корисен за здравјето , а се користи и како лек . Ако не сте знаеле, на пример, помага при проблеми со отоци на нозете и многу повеќе.

    Сеидба

    Магдоносот обично се сее на пролет, а сеидбата треба да започне веднаш штом ќе можете да влезете во нивата/градината. Оптималното време е од март до крајот на април (затворено во февруари-март). Бидејќи е отпорен на мраз, може да се сее и наесен (од октомври до почетокот на декември). Најдобро е да се засади во рана пролет, бидејќи повеќето сорти растат прилично бавно, со што се воспоставува зрелост помеѓу 70-90 дена по садењето.

    Местото треба да има многу сонце и добра дренажа на почвата. Магдоносот не сака почви каде што има подземни води, многу кисели почви, тешки и набиени. Пред сеидбата, почвата треба да се исчисти од плевелите за да им се даде на вашите садници поголеми шанси за преживување кога ќе никнат. Се сее во редови на растојание од 20-30 cm, до длабочина од околу 2-3 cm. Растојанието помеѓу редовите е 30-40 см. Погрижете се да го означите местото каде што сте го посеале семето, бидејќи бавно ‘рти.

    Примарна нега

    Ова растение бара многу сонце, односно најмалку 6 часа директна сончева светлина. Сака рамномерно влажна почва. Не поднесува суша, па затоа треба редовно да се полева. Што се однесува до ѓубрењето, потребно е еднаш или двапати на почетокот на вегетацијата. Еднаш месечно во пролетта потребно е да се нанесува избалансирано органско течно ѓубриво или да се наѓубри со азотно ѓубриво при второто окопување. Во текот на вегетацијата потребни се 2-3 окопувања и меѓуредни култивација.

    Бербата на листовите и вадење на коренот

    Коренестиот магдонос се вади кога ќе добие дебелина околу 1 cm, а лисниот почнува да се бере кога висината на листовите е околу 10 cm. Треба да се внимава да не се берат повеќе од една третина од листовите.

    Свежите стебла со листови треба да се стават во сад со вода и може да се чуваат во фрижидер околу една недела. За подолго складирање, листовите треба да се исушат со закачување наопаку на топло и засенчено место со добар проток на воздух. Потоа се дробат и се затвораат во сад со херметички капак.

    agrounik

    Одгледување магдонос во саксии

    Одгледувањето во саксии е добра опција кога немате простор за градина или ако сакате свежи билки на дофат на раката. Ќе биде доволно подлабока и поширока саксија околу 20 см, а на дното треба да има доволно дренажни дупки. Незастаклениот глинен сад е одличен избор, бидејќи дозволува вишокот на влага да испари од почвата низ нејзините ѕидови.

    Почвата треба постојано да се одржува влажна и погрижете се да го ставите садот на место со многу сонце. На магдоносот треба да му се отсечат стеблата кои се свиткани на земја, за да се избегне штетниците и болестите да стигнат до растението.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Лесна, добро исцедена смеса богата со хранливи материи е идеална почва за ова растение. Најдобро е да го посеете или засадите веднаш во саксија во која ќе останат до нивната целосна големина. На овој начин ќе избегнете пресадување. Друга опција е да користите биоразградливи тресетни садови кои што можат да одат директно во почвата или во поголем сад.

    Магдоносот нема сериозни проблеми со штетници и болести. Може да биде склон кон габични заболувања. Ако започнете со квалитетни семиња и растенија и се овозможите добра циркулација на воздухот, тоа може да помогне да спречи појава и ширењето на болеста.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img