Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 10.479 корисници изврши исплата со вкупен износ од 434.448.813 денари по основ директни плаќања за оддржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0.2 ха површина со постоечки овошни насaди и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.
Висината на директните плаќања за јаболка изнесува 41.000 денари по хектар, односно 50.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.
Висината на директни плаќања за слива и праска изнесува 36.000 денари по хектар, односно 42.600 денари за земјоделски стопанства со пријавени површини од минимум 1 до 5 хектари.
За круша, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено ,малина, капина и боровинка висината на директни плакања изнесува 33.000 денари по хектар , односно 36.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.
Директните плаќања за дуња, мушмула, актинија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла гоџи бери, бадем и лешник се во износ од 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.
Финансиската поддршка за ореви и питоми костени изнесува 15.000 денари по хектар односно 18.000 денари за земјоделски стопанства со пријавена површина од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари.
“Со оваа исплата се опфатени над 10 илјади овоштари кои имаат пријавено површини со постоечки овошни насади кои се обработуваат на над 14.000 хектари земјоделско земјиште. Финансиската поддршка обезбедена преку агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе продолжи и во следниот период преку исплата на мерките од програмата за директни плаќања и интервентниот фонд кој предвидува финансиска поддршка за набавка на вештачки ѓубрива како и поддршка за сточарството и живинарството” – информира директорот Никица Бачовски.
Текстот во целост е превземен од АФПЗРР
За повеќе корисни стории посетете ги рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.