Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024

More
    домаАгро ВестиБраната Конско за зголемено домашно производство на храна

    Браната Конско за зголемено домашно производство на храна

    petel baner

    Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска ја посетија браната Конско, којашто е во завршна фаза на изградба. Оваа вештачка акумулација е дел од хидросистемот Гевгелиско поле и нејзиното пуштање во употреба ќе значи навремено обезбедување на вода за наводнување за нови 4.000 хектари земјоделски површини.

    Проектот за изградба на браната Конско е најголемата капитална инвестција на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во последните 50 години вреден 40 милиони евра, средства од буџетот на министерството.

    „Особено ми е драго што овде на овој капитален објект кој е од огромно значење за југоисточниот регион гледаме дека работите се одвиваат според предвидената динамика и веќе над 80 отсто од изградбата е завршена. Се работи за најголем инфраструктурен проект, каков што немало во изминативе 50 години. Оваа акумулација се очекува позитивно да влијае на регионалниот развој од повеќе аспекти како што се: обезбедување на чиста вода за наводнување на земјоделските површини, развој на риболовство и на туризмот“, изјави премиерот Ковачевски.

    Продолжување на инвестициите во инфраструктурни капитални објекти

    Владата ги продолжува инвестициите во инфраструктурни капитални објекти, а со изградбата на браната „Конско“ се става силен фокус на земјоделството, како еден од двигателите на македонската економија.

    „Во овие кризни времиња освен со интервентни субвенции земјоделците ги помагаме и со вложувања во капитални инвестиции, кои се со трајни вредности и со кои на долг рок овозможуваме одржливо, но и конкурентно земјоделско производство“, рече премиерот Ковачевски и додаде дека браната, заедно со останатите инвестиции во водостопанството, како што е и изградбата на системите за наводнување се дел од Националниот план за производство на храна.

    „Националниот план за производство на храна, што за прв пат го донесе оваа Влада, на среден и долг рок ќе значи зголемено производство на домашна храна и увозна независност. Со поволни услови и државна помош се поттикнуваат земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури, да се искористат ресурсите, да се зголеми производството и залихите за домашните преработувачки капацитети. Дополнително, заради зголемување на производството на стратешките земјоделски култури, особено на пченицата и пченката, дополнителни 6.000 хектари државно земјиште е подготвено да биде поделено на земјоделците, коишто ќе добијат и заради зголеменото производство и зголемени субвенции“, подвлече премиерот Ковачевски.

    Agrobot

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски истакна дека вкупната инвестиција во браната Конско, изнесува 40 милиони евра, средства обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Програмата за рурален развој, посочувајќи дека и во „Националниот план за производство на храна“, еден од столбовите се инвестициите во системи за наводнување.

    „Навременото и редовно наводнување на земјоделски површини коешто ќе се овозможи со оваа брана е клучен предуслов за квалитетно производство. Изминатите години ова беше голем проблем за земјоделците и им ги зголемуваше производствените трошоци. Со браната ја обезбедуваме потребната вода за наводнување во текот на целата година. Тоа значи помали трошоци и поконкурентно земјоделско производство“, рече Николовски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Премиерот Ковачевски и министерот Николовски упатија честитки до изведувачите, компанијата „Серка Тааххут Иншаат – Акели“, од Турција, за досегашната успешна реализација.

    Текстот во целост е превземен од МЗШВ

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img