Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаАгро ВестиОд денес почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2022 година

    Од денес почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2022 година

    petel baner

    Од денес започнува аплицирањето за добивање на финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување на барања е 31- ви мај 2022 година. Сите кои се заинтересирани апликациите можат да ги поднесат електронски со пристапување на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, односно на www.ipardpa.gov.mk во делот е- барање.

    Agrobot

    Директорот на АФПЗРР информира дека барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Барањата пак за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на поднесување на барањто.

    „ До сите земјоделци апелирам , пред да поднесат барања за субвенции да ги ажурираат податоците со цел да имаат точни и целосни информации во сите системи од каде Агенцијата ги превзема податоците, а кои се еден важен сегмент за стекнување на право за добивање на субвенции.Потоа може преку пристапувње на веб страната на АФПЗРР, електронски да поднесат барања за субвенции со регистрација во системот, со клик на банерот „директни плакања“ – е- барање. Електронското барање е со нов модерен изглед врз база на ново софтверско решение кое ги има сите функционалности кои се потребни за поднесување на апликацијата за единствено барање. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања, или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ.“ – истакна Бачовски.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Oд Агенцијата се појаснува дека по електронското поднесување на барањето, апликантите треба да отпечатат 2 примерока и истите да ги потпишат своерачно, по што еден примерок треба да достават до АФПЗРР. Се препорачува до апликантите кои ќе побараат помош од вработените во подрачните единици, пред да ги потпишат барањата да проверат дали е точен внесот на сите податоци и култури.

    Дoколку апликантите утврдат дека при поднесување на барањето направиле пропуст, впишале погрешни податоци или констатирале дека имаат потреба од измена заради несоодвестување со фактичката состојба,барањто може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесување на истото.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img