домаситеЗдравствени проблеми кај кои помага зелениот дел од младиот кромид

Здравствени проблеми кај кои помага зелениот дел од младиот кромид

Prokredit baner

Младиот кромид е идеален пролетен зеленчук и содржи витамини А, К и Ц, додека минералите содржат многу фосфор, калиум и калциум.

Алтернативната медицина го смета младиот кромид за неверојатно вредна и здрава храна. Покрај тоа што помага при настинки и го намалува високиот крвен притисок, има и антивоспалителни својства и делува против габи, стрес и замор. Овие здравствени проблеми брзо ги решава зелениот дел од младиот кромид.

Семенарна хоризонтален банер

Болки во грлото

Исечете страк зелен дел од млад кромид на парченца, додадете малку рендан ѓумбир и сол и ставете го во платнена кеса или крпа и загрејте го. Топлиот компрес завиткајте го во уште една крпа и ставете го на воспаленото место.

Тигар лого гиф
Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Потечени нозе

Варете го  зелениот дел од кромидот неколку минути. Измиксирајте го во блендер (додадете малку вода доколку е потребно), додека смесата не се претвори во паста. Оваа паста нанесете ја на отечените делови на нозете.

За полесно да дишете

Нагмечете малку зелен дел од кромидот и со неговиот сок натопете парче памучна вата или две влошки. Нанесете таков влажен компрес на носот и областа на синусите. Ќе ја активира слузницата и ќе ги ослободи дишните патишта.

Petel.mk

За поубава кожа

Му помага на телото да произведе колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми.

Ги зајакнува коските

Витаминот Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 отсто од препорачаната доза на витамин К и околу два отсто од витамин Ц. И двата се важни за цврстината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img