Кумис важи за најдобриот руски народен лек кој ја обновува микрофлората на желудникот, па затоа ви препорачуваме што поскоро да го пробате рецептот што ви го носиме.
Кумисот е кисело млечен напиток кој се добива со закиселување на кравјо или кобило млеко со помош на бактерии. Со синтезата на витамините Ц и Б се добива алкохол, кој во просечниот кумис е од 0,2 до 2,5%.
Се произведува во степските области уште од античко време, особено во денешен Казахстан и се проценува дека е стар над 5.500 години. Старогрчкиот писател Херодот во 5 век п.н.е. го спомнал кумисот, нарекувајќи го млечно вино. Ја нарекуваат и магична напивка бидејќи го забавува процесот на стареење и нагласува дека жените ја пијат почесто од мажите.
Газиран е и пенлив, па го нарекуваат и млечно вино.
Рецепт за кумис
Земете една чаша врела вода и измешајте 2 лажици мед. Сè добро измешајте и ставете во голема тегла. Додадете 2 лажици кефир и 1 литар млеко (кравјо, козјо, кобилско). Промешајте и ставете ја теглата покриена со два слоја газа на топло место да отстои 3 дена. Потоа додадете 1 лажичка сув квасец. Промешајте и повторно покријте ја теглата со газа. Штом забележите дека во теглата почнале да се појавуваат меурчиња, тоа значи дека кумисот е готов.
Ставете го во фрижидер и пијте половина шолја половина час пред јадење 3 пати на ден најмалку 2 недели.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.