Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиДиви свињи го зазедоа Рим

    Диви свињи го зазедоа Рим

    petel baner

    По откривањето на угинати диви свињи како последица од африканска свинска чума и серија напади врз населението, властите воведоа радикални мерки.

    Рим бил окупиран од диви свињи во потрага по храна. Здравствените власти работат на сузбивање на популацијата по откривањето на телото на свиња која умрела од африканска свинска чума.

    Otkup na kompiri

    Кога си во Рим…

    Според видеата објавени на социјалните мрежи, овие диви животни можат да се видат како слободно шетаат по улиците. Тие лежат на патот каде што младенчињата слободно цицаат, влегуваат во сообраќај, шетаат по паркови. 

    Затоа, во околината се забранети излети во градските области, хранење и приближување до животните. Кантите за отпадоци во северниот дел на градот се оградени. На луѓето кои биле во природа и пешачеле по земјоделско земјиште им било препорачано да ги дезинфицираат чевлите.

    agrounik
    https://twitter.com/wantedinrome/status/1505220436786917377?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1505220436786917377%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.agroklub.ba%2Fpoljoprivredne-vijesti%2Fdivlje-svinje-zauzele-rim-harace-po-kantama-za-smece-upadaju-u-promet%2F76912%2F

    Имено, во јануари беше откриена болест кај диви свињи во северниот регион Пиемонт, а минатата недела угина свиња во природниот резерват Инсугерата. Тоа е првиот пријавен случај во централниот дел на земјата што ја натера владата да назначи специјален комесар за воведување мерки за искоренување на болеста.

    Ловот како и бројните активности на отворено беа забранети во првиот месец од годинава, со цел да се спречи појавата на болеста кај домашните животни. Но, се чини дека тоа влијаело на дивите свињи да го зголемат нивниот број.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    23.000 единки во околината на Рим

    Според Здружението на фармери Колидрети, има околу 23.000 животни во и околу градот. Најпогодени се северните и северозападните делови, вклучително и областа околу Ватикан. Дивите свињи шетаат по улиците во потрага по храна во канти за ѓубре. Жителите на некои населени места воведоа ноќни смени по серијата напади во кои беа повредени граѓани.

    Надлежните се на нозе. Италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца најави максимална посветеност на случајот, а Андреа Коста, потсекретар на Министерството за здравство, рече дека владата разговара и за мерките за контрола за намалување на нивната популација. Тој нагласи дека ја почитуваат чувствителноста на активистите за правата на животните и еколозите, но Италија се соочува со вонредна состојба која бара итни мерки.

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриките Агро вести и  агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img