Ако традиционално се суши, суво грозје е минимално обработена храна која не содржи конзерванси и адитиви. Но, богато е со шеќер и калорично, па не е невообичаено да се запрашаме – колку навистина е здраво да се консумира.
Кога суво грозје се суши на сонце, тоа е целосно природна храна која ја има во неколку варијанти и бои. Тие зависат од видот на грозјето што се суши.
Традиционално, грозјето се суши на сонце. Не содржи дополнителни конзерванси или стабилизатори, а процесот на такво природно сушење е одговорен за неговата кафена боја. Меѓутоа, златно – жолтеникавото суво грозје се суши во дехидратор и содржи сулфур диоксид како конзерванс и има различна боја.
И двата вида суво грозје се здрави и хранливи. Тие се добар извор на фитонутриенти – растителни соединенија кои содржат антиоксидантни и антимикробни својства.
Исто така, сувото грозје содржи малку железо и мали количини на други витамини и минерали, вклучувајќи околу 300 милиграми калиум за стандардна порција од четвртина чаша. Американскиот национален институт за здравје препорачува 4.700 милиграми калиум дневно за возрасни.
Ова сушено овошје содржи и магнезиум, кој е корисен за здравјето на срцето, нервниот систем и мускулите. Исто така, има околу два грама влакна по порција, што е исто така погодно за оние кои ги конзумираат.
Калории во суво грозје
Сувото грозје е исто така релативно високо калорично. Една порција (третина од голема чаша или рамна полна дланка) има околу 130 калории, што може да биде многу за мала закуска.
Една порција содржи околу 24 грама шеќер, но разликата е во тоа што шеќерот во сувото грозје, за разлика од слатките, е природен.
Некои производители додаваат шеќер во оваа храна, па експертите советуваат внимателно да изберете каква храна купувате.
Сувото грозје може да се јаде самостојно, но се препорачува да го комбинирате со малку протеини и масти. На пример, може да се додаде во разни видови салати.
Ако сакате да го намалите шеќерот во вашата исхрана, користете суво грозје за правење колачи секогаш кога можете, наместо гранулиран или бел шеќер.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.