Таа сака влага, па неправилното наводнување на краставица и недостатокот на влага може да доведат до слаб развој на растението и плодот да има горчлив вкус. Подолу ќе дознаете кога и како се наводнуваат краставиците во сите фази на развој.
Често се греши при наводнување на краставица. Таа е голем потрошувач на вода, бидејќи има развиена лисна маса, а коренот се развива до длабочина од околу 25 см, од каде што водата испарува многу. За два месеци одгледување троши меѓу 90 и 150 литри вода на метар квадратен. Затоа е многу важно наводнувањето на краставиците. Ако не се спроведе правилно, може да влијае на развојот на растението, плодовите, како и на вкусот (станува горчлив).
Правилно наводнување на краставица
Краставицата се полева околу корените. Не треба да користите ладна вода, бидејќи ќе ги шокира растенијата, што негативно влијае на нивниот развој, а може да предизвика и појава на горчлив вкус на плодот. Минималната температура на водата треба да биде 20 степени Целзиусови. Во пролетта се полева кога температурите се пониски од 11 степени, а во лето кога температурите се 15-17 Целзиусови степени.
Потребна е умерена количина на вода за да се формираат цветовите . Доколку врне, не е потребно дополнително наводнување. Доколку не, се полева во интервали од 4-8 дена во зависност од начинот на одгледување.
На почетокот на цветањето се препорачува да се изостави едно наводнување за да се подобри формирањето на женските цветови и да се изврши што подобро опрашување.
Од почетокот на формирањето на плодовите, наводнувањето се засилува и се прави на секои 3-5 дена. Доколку има недостаток на влага во плодниот период, се прекинува растот на ембрионите. Се појавува деформација и виткањето на плодот, а приносот е помал. Исто така, овошјето може да добие горчлив вкус, кој секој сака да го избегне.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.