Ако сакате јагоди, вистинско време е да направите сладолед од јагоди, тој е многу брз, лесен, вкусен и здрав.
Се што ви треба се четири состојки и добар блендер или сецко.
800 грама замрзнати јагоди
150 мл обичен јогурт
3 лажици мед
1 лажица свежо исцеден сок од лимон
Подготовка:
Сите состојки ставете ги во квалитетен блендер или сецко и мешајте околу 5 минути или додека не добиете кремаста смеса. Сладоледот е готов за употреба веднаш, а можете да го ставите во замрзнувач до употреба.
Можеби ќе ве интерсира:
Густ сок од јагоди
Џем од јагоди
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.