Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Saturday, December 14, 2024

More
    домаАгро ВестиРусија е подготвена да извезува жито со симнување на одредени санкции

    Русија е подготвена да извезува жито со симнување на одредени санкции

    petel baner

    Рускиот претседател Владимир Путин начелно се согласи дека Русија е подготвена да ги ослободи бродовите и да дозволи непречен извоз на жито од украинските пристаништа во координација со Турција. Анкара го презема водството во деблокирањето на милиони тони пченица, а Русија очекува делумно укинување на западните санкции. Во разговорите се приклучија и Обединетите нации.

    Во дипломатската игра на мачка и глушец, според „Гардијан“, Русија и Западот преговараат како да обезбедат минување на бродовите со жито низ Црното Море и понатаму на светските пазари. Меѓу нив се води и борба за наклонетост на светското јавно мислење и за откажување од одговорност доколку планот не успее.

    Otkup na kompiri

    Во телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Путин рече дека Русија е подготвена да извезува значителни количини ѓубрива и храна. Но, само во случај да бидат укинати (релевантните) санкции против Москва.

    – За време на разговорите за ситуацијата во Украина, акцентот беше ставен на обезбедување безбедна пловидба во Црното и Азовското Море. Воедно и елиминирање на опасноста од мини во тие води – соопшти Кремљ.

    Путин ја истакна подготвеноста на руската страна да овозможи непречен поморски транзит на стоки во координација со турските партнери. Ова се однесува на извозот на жита од украинските пристаништа. Не е веднаш јасно за кои украински пристаништа зборува Путин. Главните украински пристаништа за извоз на жито се Черноморск, Николаев, Одеса, Херсон и Југот.

    Турција се нуди да ја превземе медијаторската улога доколку се стави крај на војната што е можно побргу

    Ердоган му порача на Путин дека мора да се воспостави мир што е можно поскоро. Турција е подготвена да преземе улога во „механизмот за следење“ меѓу Москва, Киев и ОН, доколку се постигне договор. Ердоган подоцна му рече на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека „особено го цени проектот за создавање безбедна морска рута за извоз на украински земјоделски производи“.

    agrounik

    Во принцип, Зеленски ја поздрави идејата Турција да биде седиште на „механизмот за набљудување“. Путин повтори дека глобалниот недостиг на храна е резултат на „краткогледноста“ на западната политика. Иако ја критикуваше руската офанзива против Украина, Турција се воздржува од воведување санкции кон Русија. Таа е единствена земја членка на НАТО, што и дозволува да се позиционира како неутрална страна во конфликтот.

    Украина се обидува да ги извезе своите огромни резерви на жито

    Украина се обидува да ги извезе своите огромни резерви на жито по пат, железница и река за да спречи глобална прехранбена криза. Но веројатно нема да ги постигне своите цели доколку руската блокада на нејзините црноморски пристаништа не биде укината.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Пред Русија да започне воена офанзива во Украина, земјата имаше капацитет да извезува до шест милиони тони пченица, јачмен и пченка месечно. Извозот падна на 300.000 тони во март и 1,1 милион тони во април. Русија и Украина заедно учествуваат во светскиот извоз на пченица со 29 отсто. Ова главно преку Црното Море и со 80 отсто во светскиот извоз на сончогледово масло.

    Руските сили зазедоа некои од најголемите пристаништа во Украина. Нејзината морнарица ги контролира главните транспортни патишта во Црното Море, каде што комерцијалната пловидба е опасна поради пловечките мини. Западните санкции, исто така, го отежнаа пристапот на руските извозници до бродовите за транспорт на стоки на глобалните пазари.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img