Мирисните рози со прекрасни цветови се главната убавина во секоја летна градина. Заштитете ги од штетници со оваа течност од само три состојки.
Времето на нивното цветање не може да помине без упорните штетници – растителни вошки кои ги напаѓаат и јадат. Поради кои тие можат да изумрат, а вие да останете без најубавиот украс во градината.
Затоа ви носиме рецепт од искусни градинари кои со години го користат овој лек секогаш кога растителните вошки ќе се појават на вашите рози.
Потребни се само три состојки:
3 литри вода, 1 кесичка прашок за пециво, 3 капки течност за миење садови.
Измешајте ги состојките во шише, добро протресете да се соедини сè, а потоа истурете ја течноста во шише со распрскувач.
Потоа со оваа течност попрскајте ги сите рози во градината. Вошките треба да исчезнат по првото нанесување, но доколку е потребно, повторете ја постапката.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.