домаАгро ВестиВо украинските пристаништа пристигнаа првите пловни објекти за извоз на земјоделски производи

Во украинските пристаништа пристигнаа првите пловни објекти за извоз на земјоделски производи

Prokredit baner

Во украинските пристаништа пристигнаа првите пловни објекти за извоз на земјоделски производи. Засега ќе се организира транспорт преку устието на реката Бистра во Дунав, што се уште не е доволно за да се надмине заканата од глобалниот глад. Путин и Ердоган најавија средба.

Од повторното отворање на пловидбата низ каналот Дунав – Црно Море, во украинските пристаништа пристигнаа осум пловни објекти за извоз на земјоделски производи, соопшти Воената морнарица на Украина.

Семенарна хоризонтален банер

„ Поморскиот дел од вооружените сили на Украина се приклучи кон организацијата на транспортот на земјоделски производи со цивилни бродови преку сливот на реката Бистра во Дунав. Првите 8 странски бродови веќе пристигнаа во украинските пристаништа “, се вели во кусото соопштение. 

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Нема информации во кои пристаништа пристигнале овие пловни објекти, коментира АПК, каде што посочуваат дека транспортот преку каналот стана возможен благодарение на ослободувањето на Змискиот остров од руските окупатори, што овозможува контрола на ситуацијата со водата и делумно воздухот во јужна Украина.

Тигар лого гиф

Ништо без пристаништа на Црното Море?

Охрабрен од оваа вест, Мартин Грифитс од Обединетите нации на својот Твитер објави дека тоа се уште не е доволно за да се надмине заканата од глобалниот глад. „ Единственото отворање на украинските пристаништа на Црното Море, моментално блокирани од руската армија, е најдобриот начин да се спречи глобалниот глад “, напиша тој. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараше за деблокирање на украинските пристаништа и за продолжување на извозот на жито. 

Petel.mk

„ Ја цениме поддршката на Турција. Разговаравме за важноста од деблокирање на пристаништето и продолжување на извозот на жито. Исто така, треба да ја спречиме Русија да ни го одземе житото од окупираните територии “, напиша тој на Твитер.

Ердоган планира во блиска иднина да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, објави Кремљ по телефонскиот разговор во кој разговарале за можноста за извоз на жито од Украина. 

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img