домаАгро ВестиЧленките на ЕУ продолжуваат со попустливата еколошка политика во земјоделството

Членките на ЕУ продолжуваат со попустливата еколошка политика во земјоделството

Prokredit baner

Мнозинството министри за земјоделство на ЕУ се подготвени привремено да се откажат од примената на еколошка политика во земјоделството. Целта е да се пополни празнината во снабдувањето со жито што ја остави војната во Украина.

ЕУ веќе дозволи отстапувања од одредени еколошки барања во својата програма за субвенционирање на земјоделството од 2022 година.

Семенарна хоризонтален банер

Како што се додава, доколку некои членки дејствуваат независно од заедничката политика во земјоделството, тоа би можело да продолжи и во 2023 година. Засега тоа важи за пет членки на ЕУ: Португалија, Полска, Шпанија, Данска и Франција.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Како што е објаснето, ова би вклучило продолжување на привремените исклучоци од правилата за плодоред што се применуваат на земјиште кое не се обработува со машини или не се третира со хемиски средства. На такво земјиште се одгледуваат растителни култури кои се важни за зачувување на различноста на живиот свет во природата (биодиверзитет).

Тигар лого гиф

Дел од таа земја веќе се користи за одгледување жито поради кризата предизвикана од војната во Украина. Со тоа се намалува извозот на земјоделски производи и од таа земја и од Русија.

Русија и Украина се земји кои се многу важни за снабдување на светските пазари со земјоделски производи

Голем дел од светот стравува дека ќе има недостиг на храна.

Petel.mk

Првиот брод со украинско жито исплови од пристаништето Одеса. Се проценува дека постои надеж дека очекуваната светска криза ќе се ублажи.

Мислењата за олеснување на еколошка политика во земјоделството на територијата на ЕУ се поделени. Од една страна се нагласува дека ЕУ не може да се откаже од политиката за заштита на животната средина во време на климатски промени, додека од друга се нагласува потребата од зголемување на производството на храна и спречување на недостиг на храна.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img