Босилек – препознатлив по прекрасниот мирис, а има и многу лековити својства.
Древните народи сметале дека босилекот позитивно влијае, како врз телото, така и врз духот. Современите испитувања потврдуваат дека босилекот благотворно делува врз психата од луѓето бидејќи има смирувачко дејство. Затоа се препорачува како природен лек против стресот и нервната напнатост, настанати од секојдневните грижи и притисоци.
Посебно се препорачува за луѓе чија професија бара голем интелектуален напор затоа што придонесува и кон подобро памтење.
Босилекот исто така, ги спречува и симптомите на настинка, како што се кашлица и болка во градите. Го зголемува апетитот и ја смалува надуеноста во стомакот.
Пожелно е да се користи против цревни воспаленија и воспаленија на уринарните патишта. Народната медицина го препорачува босилекот за доилките, за подобро излачување на млекото.
Како зачин босилекот дава вкус на јадењата, го подобрува варењето на тешка храна и штити од крварење. Готвачите го препорачуваат како додаток на јадења од компири, пченка, карфиол и модар домат.
Во медитеранската кујна претставува основен дел на сосови и преливи за јадења со тестенини. Сушениот босилек има посилен вкус од свежиот, па треба да се додава на манџи и разни други јадења од зеленчук, како што е грашак и грав, но и во салати и намази.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.