Првата мерна станица за смарт земјоделство беше поставена во Кавадарци, а други мерни станици ќе има уште на 18 локации во Тиквешкиот Регион.
Со оваа мерна станица, земјоделските производители ќе добиваат податоци од електронскиот мониторинг за атмосферските влијанија врз земјоделските површини, а со тоа можност за точно утврден период на потребата од заштита.
Посоставувањето мерна станица за смарт земјоделство ќе ги опфати општините Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. Вкупната вредност на проектот е 10 милиони денари.
Со поставувањето на овие мерни станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површини, на лозово – овоштарските насади.
Мерните станици ќе даваат важни информации за влажност на воздухот, сончеви денови во годината, количество на врнежи, степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци што ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер.
На овој начин ќе може да се допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди, а во исто време и зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.