Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

More
    домаАгро ЗабаваКако да направите слатко од боровинки

    Како да направите слатко од боровинки

    Сезоната на боровинки е во полн ек, па искористете ја за да направите вкусно слатко од боровинки во кое ќе уживате цела зима. Покрај состојките ќе ви треба и малку трпение, но трудот на крајот се исплати.

    Состојки за слатко од боровинки :

    • 1,5 кг боровинки
    • 1 кг шеќер
    • 1,5 лимон

    Подготовка :

    Добро измијте ги боровинките, па оставете ги да се исцедат. Во големо тенџере истурете слој шеќер, слој боровинки. Завршете со шеќер. Малку протресете, шеќерот добро да се распореди насекаде. Покријте го тенџерето и оставете го да отстои преку ноќ, или барем 5 часа, за да се ослободи сокот.

    Следниот ден ставете ги боровинките да се варат на умерена температура. Нема потреба од додавање вода, бидејќи тие веќе го испуштиле својот сок. За време на готвењето, повремено нежно протресете или многу нежно промешајте, за да не изгорат боровинките на дното. Исто така, редовно вадете ја пената која ќе се издигне на површината.

    Гответе околу половина до еден час. Кога сирупот ќе стане густ како мед, односно кога ќе поминете со жица за матење низ слаткото и ќе го видите дното на тавата, тогаш е готово. Потоа исклучете го шпоретот, но оставете го слаткото врз него. Додадете парчиња лимон и измешајте. Оставете уште малку додека не се излади ринглата. Топлото слатко истурете го во стерилизирани тегли, цврсто затворете и завиткајте во крпа. Оставете го слаткото целосно да се излади и чувајте го во оставата. По отворањето, теглата со слатко чувајте ја во фрижидер.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img