Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

9.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиХранењето миленичиња со сирово месо не е без ризици

    Хранењето миленичиња со сирово месо не е без ризици

    petel baner

    Сопствениците секогаш се трудат на своите четириножни миленичиња да им обезбедат најдобра можна грижа, исхрана и услови. Во ситуација на економска и финансиска криза, некои се принудени да се снаоѓаат на алтернативни начини. Особено во ситуации кога чуваат голем број животни.

    Употребата на сирово месо беше испитувана од истражувачите од Универзитетот во Бристол во две студии. Открија дека веројатноста за пронаоѓање на бактеријата E. Coli отпорна на антибиотици е многу почеста отколку во контролните групи. Резултатите од ова истражување беа објавени неодамна во списанието „The Journal of Antimicrobial Chemotherapy in One Health“.

    Otkup na kompiri

    Изворите на свинско и говедско месо кои се користат во исхраната, особено на кучињата, може да бидат различни. Заедничко на сите им е тоа што квалитетот на ова месо е полош, што е причина што не завршило како храна за човечка исхрана.

    agrounik

    Остатоци од лекови во месото

    Честа причина за оваа појава е долгото боледување на единки (фармски животни), чие лекување сè уште не е економски профитабилно. Долгата терапија со некои ветеринарни лекови, како што се антибиотици, кортикостероиди и сл.) остава долги остатоци од овие лекови во месото. Како такви се неупотребливи за исхрана на луѓето. Остатоците од ветеринарните лекови можат да имаат штетно влијание и врз здравјето на домашните миленичиња и, како што е утврдено во гореспоменатите студии, да создадат соеви на бактерии кои се отпорни на антибиотици.

    Во случај на потреба од лекување на домашни миленици со некои антибиотици, во случај на нарушување на здравствената состојба, опсегот на ефективни антибиотици ќе се стесни.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Покрај сето горенаведено, употребата на сирово свинско месо со себе носи уште еден многу сериозен ризик – Аујески-овата болест (Pseudorabies). Оваа болест е од вирусна етиологија, предизвикана од вирусот Херпес и кај нас не е искоренета. Се манифестира со невролошки симптоми и неподносливо чешање кое толку ги иритира кучињата што често се самоповредуваат.

    За жал, случаеви на заболени кучиња од овој вирус завршуваат со смрт.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img