Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаХраната како лекЕфикасен напиток против несоница

    Ефикасен напиток против несоница

    petel baner

    Голем број луѓе патат од несоница, а познато е дека недостатокот на сон негативно делува на извршувањето на секојдневните функции.

    Несоница може да предизвика сериозни здравствени проблеми, влијае на способноста на луѓето да реагираат, мислат, работат, учат и комуницираат.

    За да бидете наспани и свежи, а на телото да му го обезбедите потребниот одмор.

    Otkup na kompiri

    Целокупно здравје зависи од нашиот сон во текот на ноќта. Сонот може да го одреди квалитетот на животот, бидејќи добриот сон помага во заштита на вашето ментално и физичко здравје.Исто така поддржува правилно работење на мозокот, го одржува физичкото здравје и го поддржува растот и развојот на децата и тинејџерите.

    Ова е ефикасно решение во случај на проблеми со несоница. Пијте го овој напиток од банана и цимет еден час пред спиење и ќе се ослободите од несоницата.

    Потребни состојки:

    1 банана

    1 литар вода

    ½ лажиче цимет

    Постапка:

    Зовријте ја водата. Потоа, исечете ги краевите на бананата па ставете ги во водата што врие. Оставете да се вари 10 минути. Процедете ја течноста. Додадете малку цимет за вкус. Овој напиток треба да го пиете еден час пред спиење.

    agrounik

    Во оригиналниот рецепт, бананата се става нелупена. Но поради претпазливост (од разни фунгициди и пестициди), најдобро е претходно добро измиената лушпа да ја третирате со солен раствор, сода бикарбона или киселина.

    Ако имате постојани проблеми со спиењето во текот на ноќта, тоа би можело да укажува и на други, сериозни здравствени проблеми. Би можело да биде предизвикано од различни причини, како што се: дефицит на некои минерали, нездрава исхрана, анксиозност и погрешен начин на живеење.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Некои апчиња за спиење може да ви помогнат да спиете подобро, понекогаш, но тие нема да го поправат вистинскиот проблем.

    Тоа е причината зошто треба да се фокусирате на намалување на нивото на анксиозност, да јадете здрава храна, да вежбате повеќе и да практикувате редовна рутина за спиење која ќе му помогне на вашиот мозок и тело да се релаксира повеќе и истовремено да се прочисти од токсините.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img