Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ЗабаваШто значи зборот „бостан“?

    Што значи зборот „бостан“?

    petel baner

    Бостан – Црвени, жолти, розови или портокалови, секогаш го радуваат сетилото за вкус и мирис, а корисни се и за здравјето.

    Според народното мислење, дињите и лубениците пристигнале во нашето поднебје во времето на Турците. Впрочем, зборот „бостан“, што значи дињи и лубеници заедно, е од турско потекло. Значи „миризливо место“, односно дел од градината каде што се одгледуваат цвеќиња, зачини и плодови со пријатен мирис. Сепак, не е така.

    Otkup na kompiri

    Д-р Олга Зиројевиќ во својата книга „Источно западна софра“ објаснува дека зборовите „диња“ и „лубеница“ влегле во словенскиот јазик со векови пред првото спомнување при турските освојувања. Како што изгледа, сочните и слатки плодови кои потекнуваат од најтоплите делови на Африка и Азија ги донеле тука античките Грци и Римјани. Ниту диња, ниту лубеница не се овошје, туку зеленчук. Тие се потесно поврзани со тиквата и краставицата отколку, на пример, со кајсиите.

    Сепак, тие се сметаат и се јадат како овошје, на крајот од оброкот, особено за време на летните горештини. Најдобри се свежи и ретко завршуваат во колачи или друго јадење. Но, се користат такви какви што се, треба само да исечете тенка или малку подебела кора.

    agrounik

    Цариградска лубеница и медена диња

    Во минатото фармерите одгледувале само еден вид лубеница, таканаречената „Цариградска“. Темнозелена сјајна кора, со црвена пулпа, која поради безопасна генетска мутација понекогаш пожолтувала. Денес, одгледувачите имаат на располагање голем број сорти. Претежно со светло зелена кора и розево „месо“. Поотпорни од стариот тип и способни да дадат плодови потешки и до 12 килограми.

    Мирис на бостан

    Многу земјоделци кои ги одгледуваат овие култури на нива или во градината остануваат верни на стариот вид со кој пораснале. Според стариот обичај, јадат диња со леб, исто како и нивните предци. Дури и во антички Рим, експертите за парфеми биле фасцинирани од свежиот мирис на лубеница и диња и се обидувале некако да ги произведат во нивните импровизирани лаборатории. Овој потфат беше успешен само за Французите на крајот на дваесеттиот век, па сега има цела серија парфеми и козметика кои мирисаат на бостан. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    И дввата вида содржат околу 90 отсто вода, па претставуваат лесна и освежителна храна за лето. Поради минималната калориска вредност погодни се и за диета. Успешно ги чистат бубрезите од повеќегодишните наслаги, помагаат во исфрлањето на песокот, вишокот сол и насобраната вода. Ја регулираат цревната флора, но и ги ослободуваат зглобовите од непотребните содржини. Со тоа индиректно ја подобруваат состојбата на ‘рбетот и благотворно делуваат на отпорноста на организмот. Го разубавуваат тенот и обезбедуваат миризлив здив. Треба да се јадат секогаш кога е можно, што не е тешко, бидејќи сите ги сакаат.

    Има само еден проблем: колку и да го издржат транспортот, дињите и лубениците се многу расипливи и чувствителни кога се сечат и отвораат. Затоа треба да се јадат што е можно поскоро, а по можност веднаш штом ќе се донесат на трпеза. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img