Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваНамаз од коприва и спанаќ

    Намаз од коприва и спанаќ

    petel baner

    Намаз од коприва и спанаќ – Ова е убаво пролетно уживање со коприви и спанаќ. Во продолжение неговата подготовка.

    Состојки за намаз од коприва и спанаќ:

    • околу 300-400 гр млади свежи коприви
    • околу 200-300 гр свеж спанаќ
    • по вкус, лук во прав (може да користите и чешне свеж лук)
    • 3-4 парчиња сув црвен пипер
    • сол по вкус
    • лажица до две остро брашно
    • околу 100-150 мл масло

    Подготовка:

    Младите коприви исчистете ги и сварете ги во солена вода. Гответе ги околу 5 минути, а потоа прелијте ги со ладна вода и оставете ги да се исцедат.

    Otkup na kompiri

    Спанаќот исчистете го (оставајте ги само листовите без дршката), исто така бланширајте во солена вода и оставете да се исцеди и излади.

    Ладните коприви и спанаќот ситно се сечкаат (може да се направи и во блендер, но само 1-2 вртежи за да биде малку покрупно). Направете го истото со сувите пиперки.

    agrounik

    Во тавче се става масло и се додаваат копривите и спанаќот со пиперките и се пржи на масло додека се убаво се соедини и се формира компактна маса (да испари водата што ја испуштаат копривите и спанаќот). Се додава брашното, се пржи уште малку, па се зачинува со лук и сол по вкус.

    Доколку сакате намазот да биде малку потечен, можете да додадете малку вода и да оставите да зоврие.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ова може да се користи како намаз за врели сендвичи со сланина или свински врат.

    Вака подготвените коприви (само со малку помалку спанаќ) може да се користат и како манџа кога ќе се додаде уште малку вода.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img