Намаз од коприва и спанаќ – Ова е убаво пролетно уживање со коприви и спанаќ. Во продолжение неговата подготовка.
Состојки за намаз од коприва и спанаќ:
- околу 300-400 гр млади свежи коприви
- околу 200-300 гр свеж спанаќ
- по вкус, лук во прав (може да користите и чешне свеж лук)
- 3-4 парчиња сув црвен пипер
- сол по вкус
- лажица до две остро брашно
- околу 100-150 мл масло
Подготовка:
Младите коприви исчистете ги и сварете ги во солена вода. Гответе ги околу 5 минути, а потоа прелијте ги со ладна вода и оставете ги да се исцедат.
Спанаќот исчистете го (оставајте ги само листовите без дршката), исто така бланширајте во солена вода и оставете да се исцеди и излади.
Ладните коприви и спанаќот ситно се сечкаат (може да се направи и во блендер, но само 1-2 вртежи за да биде малку покрупно). Направете го истото со сувите пиперки.
Во тавче се става масло и се додаваат копривите и спанаќот со пиперките и се пржи на масло додека се убаво се соедини и се формира компактна маса (да испари водата што ја испуштаат копривите и спанаќот). Се додава брашното, се пржи уште малку, па се зачинува со лук и сол по вкус.
Доколку сакате намазот да биде малку потечен, можете да додадете малку вода и да оставите да зоврие.
Ова може да се користи како намаз за врели сендвичи со сланина или свински врат.
Вака подготвените коприви (само со малку помалку спанаќ) може да се користат и како манџа кога ќе се додаде уште малку вода.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.