Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаситеКељ - неверојатен зеленчук

    Кељ – неверојатен зеленчук

    petel baner

    Kељ – крал на зеленчуците, бидејќи е богат со хранливи материи, растителни влакна, фитонутриенти и минерали кои се поволни за здравјето, а содржи малку калории.

    Кељ е лиснат зеленчук, а познат им бил на Грците и на Римјаните. Во 4 век п.н.е се разликувале три врсти на кељ: див, мазен и со набори.

    Кељот не мора да го јадете само сиров. Многу истражувања покажале дека и термички преработениот кељ има подеднакво поволно дејство врз организмот како и свежиот.

    Otkup na kompiri

    Можете да го готвите во вода или на пареа, да го поховате, пржите или послужите како топло предјадење со супа или како прилог на главно јадење.

    Кељот што денес го познаваме наводно со селекција го создале вредните белгиски градинари уште во 18 век.

    Од Белгија најпрво се проширил во Франција , а потоа во Холандија и Германија, а потоа набрзо и во Европа.

    Покрај обичниот кељ кој е најпроширен, постојат уште две врсти, со малку поинакви карактеристики. Тоа се лисни и безглавни, и прокељ.

    agrounik

    Оваа намирница е сиромашна со калории: во 100 грама има само 50 kcal/209 kJ, но изобилува со минерали и витамини.

    Совршен е зошто е полн со витамин Ц и тоа во суровиот со застапени 120 мг, а варен 41 мг. Тој е добар извор и на витамин К, Б комплекс и тиамин.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кељот е еден од најдобрите природни извори на калциум. Дополнително, содржи магнезиум и калиум во високи концентрации, а сето тоа со ниското ниво на оксалати помага наведениве минерали лесно да се апсорбираат.

    Поиздржлив е од зелката и повеќе поднесува високи температури и суша, баш како и ниски температури и мраз.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img