Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро Вести„Паметно земјоделство“ се попопуларно во Јужна Кореја

    „Паметно земјоделство“ се попопуларно во Јужна Кореја

    petel baner

    „Паметно земјоделство“ – Земјоделството порано се состоеше од бескрајна работа на сонце, според веќе познатиот редослед на работа и траеше со денови, месеци. Таа работа ретко се поврзуваше со создавање висока или додадена вредност, клучни критериуми за одредување на придонесот на индустријата за економскиот напредок.

    Малкумина го гледаат земјоделството на исто ниво со индустриското производство. Oсобено во Јужна Кореја каде брзиот и интензивен раст во изминатите неколку децении беше поддржан речиси исклучиво од извозот на индустриски стоки и услуги, пишува Korea Times.

    Otkup na kompiri

    Тоа веќе не е случај. Kако што сведочи зголемениот број млади земјоделци кои управуваат со своите посеви користејќи паметни технологии. Високата технологија е силата на Јужна Кореја.

    Температурата, влажноста и LED осветлувањето се меѓу критичните контролирани фактори кои го оптимизираат производството на висококвалитетно популарно овошје и зеленчук, вклучувајќи јагоди и домати.

    – Со притискање на копче, практично можете да управувате со целиот земјоделски имот. Шин На-ра, е 23-годишник кој поседува паметна фарма за јагоди во Сангју.

    Таа е меѓу многуте млади фармери кои ги споделија своите приказни за пронаоѓање интерес за традиционалната индустрија. Секако со помош на Управата за рурален развој (РДА).

    Младите без разлика на завршеното образование, иднината ја гледаат во таканареченото “Паметно земјоделство”

    Шин, дипломирала јавна администрација на Националниот универзитет во Сеул. Одлучила да бара работа во земјоделството, што според неа е можност со големи изгледи за идни профити.

    agrounik

    Според неа, работата во голем конгломерат може да доведе до работа под постојан притисок и конкуренција. Но, земјоделците стареат, создавајќи простор за помладите генерации и добри шанси.

    – Поминав 20 месеци теренска обука и образование, за да станам земјоделец. Јас и мојот деловен партнер почнавме да одгледуваме јагоди во јуни на над 5.000 квадратни метри земјиште – изјави таа.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Таа планира да магистрира и докторира по земјоделство и нејзината крајна цел е да стане земјоделски консултант.

    – Земјоделските консултанти се високо образовани. Сепак, тие имаат мало искуство како всушност функционира земјоделството, поради што се критикувани дека даваат препораки и сугестии, а не се запознаени со состојбите на терен и практичната работа. Сакам да бидам некој кој може да помогне за подобрување на земјоделството врз основа на практично искуство и истражување – изјави Шин.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img