Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

14.8 C
Skopje
Sunday, October 2, 2022

More
    домаАгро советиИсхрана на овците пред парење за поголем број јагниња

    Исхрана на овците пред парење за поголем број јагниња

    Исхрана на овците во периодот на подготовка за парење (како и веднаш потоа) има значајна улога во размножувањето на овците. Влијае на успешноста на оплодувањето и бројот на јагниња по овца.

    Состојбата на телото на овците во моментот на парење има директно влијание врз успешноста на оплодувањето. Поради оваа причина, исхраната на овците се подобрува неколку недели пред парењето. Целта е да се подобри репродуктивната состојба на грлото. Тоа директно ќе влијае на успешноста на овулацијата и на бројот на јајце клетки кои ќе бидат подготвени за оплодување. Од ова зависи и успехот на самото оплодување.

    Овците кои влегуваат во сезоната на парење со добра приплодна состојба брзо се оплодуваат, па јагнат порано. Даваат и поголеми јагниња и поголем број близнаци.

    Кај нас есента се смета за најдобар период од почетокот на септември до крајот на ноември. Сексуалниот нагон кај овците е најизразен во тоа време. Исто така и јагнењето, во тој случај на пролет кога веќе има принос. Подобрената исхрана на овците треба да се започне 3 до 6 недели пред очекуваното парење.

    Колку од збогатената храна ќе се користи зависи од состојбата на овците. За овците кои се во просечна или добра состојба, подобрената исхрана треба за 4 до 5 недели да обезбеди вкупно зголемување на телесната тежина од 2 кг на 2,5 кг или од 50 г до 70 г на ден. Доколку се во лоша состојба (неухранети), вкупното зголемување на телесната тежина треба да биде 6-7 kg за периодот споменат погоре, или од 180 до 230 g на ден.

    Што вклучува подобрената исхрана на овците?

    Хранењето со сточна храна може да се постигне со квалитетно пасиште со дополнително прихранување со друга обемна храна и задолжително додавање на концентрат во количина од 100гр до 400гр по грло дневно. Доколку крупната сточна храна е со послаб квалитет, тогаш се зголемува количината на концентрат во дневниот оброк.

    Ваквиот режим на хранење на овците треба да продолжи по сезоната на оплодување најмалку 3 недели. Првите две недели по оплодувањето се особено важни, бидејќи во тој период оплодената јајце клетка се закачува на ѕидот на матката.

    Подобрена исхрана на приплодните овни

    Овните кои се одгледуваат не смеат да се здебелат, бидејќи тогаш стануваат тешки и ја губат волјата за скокање. Пред периодот на парење, 1-2 месеци, овните се напасуваат на подобри пасишта и се хранат, првично со 0,250 g концентрат, а во периодот на парење со 1-1,250 kg. За да се зголеми сексуалната активност на овенот се користи никнат јачмен и овес кои имаат зголемен процент на витамин Е.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img