Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеЦимет - ароматичен и здрав зачин

    Цимет – ароматичен и здрав зачин

    petel baner

    Цимет – поради своите лековити својства долго време бил користен во различни медицински традиции во светот.

    Модерните научни истражувања потврдиле дека навистина циметот има потивен ефект кај многу болести.

    Докажано е дека цимет може да помогне кај гастритис, дијабетес, зголемен холестерол, голем број на бактериски инфекции и многу други болести.

    Otkup na kompiri

    Циметот е зачин кој се добива од ниско дрво што личи на грмушка, а припаѓа на фамилијата ловори. Кората на дрвото и листовите се ароматични, додека цветовите имаат непријатен мирис. Младите гранки на дрвото се сечат и им се лупи кората, а внатрешната кора се суши и се обликува во стапчиња со црвеникаво-кафена боја. Најмалите стапчиња се вметнуваат во поголемите, а потоа подеднакво се сечат. Во денешно време, ова дрво се одгледува скоро во сите тропски земји во светот.

    Треба да се спомене дека не секој цимет е лековит. Лековитиот цимет се добива само од видот Cinnamomum zeylanicum Nees, кој потекнува од Шри Ланка (цејлонски цимет). Сличен состав има касијата (кинески цимет) кој се добива од видот Cinnamomum cassia Blume, по потекло од Бурма. Овој цимет најчесто се продава во нашите продавници, но не е лековит како цејлонскиот цимет.

    Лековити својства на циметот

    Во минатото циметот се користел како природен лек за многу болести, а модерните истражувања го докажале неговото позитивно влијание. Потврдено е дека циметот помага при:

    • воспаленија и инфекции
    • го спречува ширењето на леукемија и лимфома
    • ги ублажува проблемите при варење
    • го регулира нивото на шеќер во крвта
    • помага при слабеење
    • ги ублажува ревматските болки
    • ја подобрува активноста на мозокот
    • го намалува количеството на лош холестерол
    • ги ублажува менструалните болки

    Циметот содржи високи нивоа на антиоксиданти и феноли, кои помагаат при инфекции. Антиоксидантите во циметот го стабилизираат шеќерот во крвта и ја намалуваат потребата за слатко.

    Истражувањата покажале дека со конзумирање на само половина кафена лажичка цимет дневно може да се намали нивото на лош холестерол. А може на истиот начин да се користи и за намалување на болки предизвикани од артритис.

    Имено, едно истражување направено на Универзитетот во Копенхаген покажало дека луѓето кои секое утро земале по половина лажичка цимет во комбинација со лажичка мед веќе по 7 дена забележале значително намалување на болки предизвикани од артритис. А веќе после месец дена можеле да одат без болка.

    Истружувањата кои, пак, ги спровеле научниците од Американскиот Институт за земјоделство, докажале дека циметот го спречува ширењето на леукемија и канцерогените клетки на лимфомата.

    Циметот има и одличен ефект кога се работи за габични инфекции, кои често се отпорни на лекови.

    agrounik

    Така, научниците од Универзитетот во Канзас потврдиле дека циметот е делотворен против бактеријата Ешерихија Коли, а поради неговите бактериолошки својства, циметот може да се користи и како природен конзерванс. Едноставно додадете го во храната, а тој со своето делување ќе го спречи нејзиното расипување и создавање на бактерии.

    Циметот често се користи и во гумите за џвакање бидејќи е добар освежувач и го отстранува лошиот здив, кој исто така е предизвикан од бактерии.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Понатаму, докажано е дека мирисот на циметот ја стимулира работата на мозокот, а помага и при стрес и го спречува губитокот на памтењето. Со мирисање на цимет можете да ги подобрите мозочните функции и расположение. За оваа цел најдобро е да се користи етеричното масло од цимет.

    Ако сакате, пак, да го изгубите вишокот на килограми, пробајте ја комбинацијата од мед и цимет. Помешајте една кафена лажичка мед со половина лажичка цимет. Оваа мешавина сварете ја во малку вода (колку што собира една шолјичка за кафе). Напитокот поделете го во два дела, едната половина за наутро – половина час пред појадокот на празен стомак, а втората половина испијте ја половина час пред да одите на спиење. Резултати ќе забележите веќе после две недели.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img