домаситеДива круша - лек за многу болести

Дива круша – лек за многу болести

Prokredit baner

Дива круша е хранлива и вкусна овошка, а има и многубројни лековити дејства, од неа се прави мармелад, чај и ракија.

Дива круша (Pyrus piraster) е листопадно дрво, високо е 20 метри, со широка пирамидална крошна и со кратко, густо и рамно стебло. Кората е дебела околу два сантиметри, темно сива, младото стебло е мазно, а старото длабоко испукано. Листовите се долги околу осум сантиметри.

Плодот зрее и се бере во август. Семката е црна, сјајна и сплескана. Цвета од април до мај, во исто време со излегување на листовите. Цветањето на едно стебло трае од 10-14 дена. Дава обилен нектар и цветен прав.

Семенарна хоризонтален банер

Дивата круша може да доживее старост и до 150 години и најчесто расте во листопадните шуми, во средна и југозападна Европа.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
Лековити својства на дивата круша

Дивата круша се користи како лековита билка, а во овоштарството како подлога за калемење на племенити сорти на круши.

Се користи плодот кој влегува во состав на разновидни овошни и шумски чаеви. Младите листови на дивата круша го поттикнуваат излачувањето на песокот и камењата од уринарните канали.

Плодот дива круша има и хранливи и лековити својства. Свежиот плод во просек содржи околу 24% вода. 3,13% шеќер, 0,2% јаболкова киселина, 0,4% белковини, 0,3% масти, 3,5% пектини и 2,5% несварливи супстанци.

Содржи витамин А и Ц, како и минералите׃калај, фосфор, магнезиум и калциум. Во човечката исхрана, зрелиот плод се користи за производство на мармелад а може да се користи и во производство на добра ракија.

Тигар лого гиф

Во народната медицина дивата круша се употребува за овошен чај, против кашлица, воспаление на грлото и поволно делува на слузокожата на цревата.

Чај од дива круша

плодот ситно се сечка, се суши на темно и прозрачно место. Се попарува со зовриена вода а кога чајот малку ќе олади се пие.

Petel.mk
Чај за дијабетичари

За лицата кои имаат покачен шеќер во крвта, а се уште не примаат инсулин, добро е да почнат да ја користат дивата круша. Се сечат гранчињата, и се лупи кората на крушата и од неа се вари чај. Се пие дури не се намали нивото на шеќер во крвта. Најчесто, сосема се лекува дијабетесот.

Дивата круша не се сади, туку сама никнува и единствено дивата круша е добра за чај.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img