Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРаката на Буда – необично име за необично овошје

    Раката на Буда – необично име за необично овошје

    petel baner

    Во будистичката традиција, прстенестиот цитрус (раката на Буда) е симбол на долговечноста и среќата. Неговите плодови се даваат и како религиозна жртва во будистичките храмови.

    Citrus medica, познат по имињата прстенест цитрус, прст лимон, раката на Буда, тупаница на Буда и прсти на Буда. Поради обликот на овошјето што личи на стегната тупаница со прстите свртени надолу. Тоа е популарно, ароматично овошје слично на лимон. Иако припаѓа на семејството на цитруси, од нив се разликува по изгледот на плодот и листовите.

    Agrobot

    Прстенестиот цитрус доаѓа од североисточните делови на Индија. Расте како грмушка или мало дрво со неправилни гранки покриени со трње. Листовите од прстенест цитрус се големи, овални, малку збрчкани, светло зелени во боја и растат до неколку сантиметри. Исечениот лист од ова растение има блага арома на цитрус.

    Прстенестиот цитрус цвета од мај до септември, а ако се добри условите цвета и по неколку пати. Цветовите се миризливи, бели со виолетови рабови.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Ова овошје зрее наесен и пожолтува. Неговата кора е полна со есенцијални масла, има вкус кој потсетува на дуња и цитрус, а може да се користи и сушена или зашеќерена. „Прстите“ од овошјето може да се одвојат по должина, да се исечат, да се излупат, а потоа да се извади јадрото кое се користи за салати. Се користи и за производство на ароматични масла.

    Бидејќи има многу силен мирис, ова овошје често се користи во Кина и Јапонија за освежување на просториите и парфемирање на лични предмети, како облека, а неговото дрво често ги украсува градините.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img